Сарафов: Главна причина за несреќата човечка грешка, патниците умреле од задушување


Водечката верзија и главна причина за автобуската несреќа  е човечка грешка, изјави заменик главниот обвинител Борислав Сарафов. Тој прецизираше дека се водела сметка и за лошата патна ознака, сигнализација и организација на сообраќајот. Според оценка на Сарафов организацијата на движењето на магистралата е лоша. „Заштитната ограда на која удри автобусот е опасна и придонела за …

Сарафов: Главна причина за несреќата човечка грешка, патниците умреле од задушување Read More »

Преговорите на Македонија со ЕУ станаа дел од програмата на новата германска влада


Коалицискиот договор на трите германски партии што ќе ја формираат новата сојузна влада ја поддржува европската интеграција на шесте земји од Западен Балкан, дознава European Western Balkans. Договорот предлага отворање на првите преговарачки поглавја со Албанија и Северна Македонија, визна либерализација за Косово и продолжување на преговорите со Црна Гора и Србија. -Ја поддржуваме европската …

Преговорите на Македонија со ЕУ станаа дел од програмата на новата германска влада Read More »

Обвинител и истражител од Бугарија доаѓаат во Македонија заради автобуската несреќа


Тим од шест истражители од Националната истражна служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство во Перник ќе работат во поведената предистражна постапка за тешката сообраќајна несреќа на автопат „Струма“. Во оваа насока, главниот обвинител Иван Гешев ќе испрати обвинител во Скопје, како и еден истражител од тимот кој ќе го достави барањето за правна помош …

Обвинител и истражител од Бугарија доаѓаат во Македонија заради автобуската несреќа Read More »

Учениците од ОУ „Исмаил Ќемали“ маршираа за загинатите деца во автобусот


Ученици од Основното училиште „Исмаил Ќемали” од Општина Чаир денеска излегоа на марш во Скопје, од нивното училиште до плоштадот „Скендербег“ во знак на почит кон нивните соученици кои ги загубија животите во автобуската несреќа во Бугарија. Од вчера, кога ја слушнаа веста дека пет нивни другарчиња загинале, тие се во тага. Велат, уште не …

Учениците од ОУ „Исмаил Ќемали“ маршираа за загинатите деца во автобусот Read More »

Заев – Донфрид: Почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ е геостратешки интерес на САД


Премиерот Зоран Заев доцна синоќа имаше телефонски разговор со помошник државниот секретар на САД, Карен Донфрид, која во име на Владата на САД и на американските граѓани изрази длабоко сочувство до македонските граѓани за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија. Премиерот Заев и помошник државниот секретар Донфрид разговараа за евро-интегративниот процес на Северна Македонија, при …

Заев – Донфрид: Почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ е геостратешки интерес на САД Read More »

За ССК неприфатливо компаниите да ги плаќаат ПЦР тестовите


Сузбивање на пандемијата и намалување на несаканите ефекти врз економијата е единствено возможно доколку се носат одржливи мерки кои ќе даваат вистински резултати, а не да се избираат преодни решенија од кои нема ефект, соопшти Сојузот на стопански комори (ССК), додавајќи дека со префрлање на одговорноста на друго место и со поставување на ултиматуми за …

За ССК неприфатливо компаниите да ги плаќаат ПЦР тестовите Read More »

Бугарските експерти се чудат што го предизвикало силниот пожар во автобусот


Претседателот на Бугарското здружение на возачи (БОШ) Христо Радков изјави дека вчера бил во близина на македонскиот автобус кој изгоре и во кој загинаа 46 лица, а 7 ја преживеаја несреќата. Според него, причините за тешката несреќа ќе останат тајна. „Сакав индиректно да видам што можеме да претпоставиме. Во моментов само нагаѓаме, така што ќе …

Бугарските експерти се чудат што го предизвикало силниот пожар во автобусот Read More »

Последната техничка проверка на автобусот била на 5 октомври


Последната техничка проверка на автобусот на „Беса Транс„, што изгоре денес во Бугарија, била направена на 5 октомври годинава, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата вечерва. Тој дополни дека истрагата ќе каже што се случило за да дојде до ваква трагедија.  Министерот Благој Бовчарски потврди дека сопственикот на „Беса транс“ во 2018 …

Последната техничка проверка на автобусот била на 5 октомври Read More »

Спорот со Бугарија денес беше тема на министерскиот совет во ЕУ


Словенечкиот државен секретар за европски прашања, Гашпер Довжан, изјави дека министрите за европски прашања разговарале за проширувањето и посебно за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. Министрите денеска во Брисел се состанаа во рамките на Советот за општи работи, а проширувањето беше една од темите. Словенечкиот државен секретар порача дека …

Спорот со Бугарија денес беше тема на министерскиот совет во ЕУ Read More »

Речиси половина од загинатите во Бугарија се од Студеничани


Градоначалникот на Општина Студеничани Азем Садику изјави дека од вкупниот број на загинатите сообраќајна несреќа во Бугарија, околу 20 лица се од населените места од оваа општина. Тој истакна дека како градоначалник ќе бара истрагата да оди до крај и да се најдат причините, посочувајќи дека владите на двете држави треба да работат на пронаоѓањето …

Речиси половина од загинатите во Бугарија се од Студеничани Read More »

Бугарска новинарка: Горивото било купено поевтино во Турција, втор возач немало


Сите загинати во несреќата биле на средна врата во обид за спас, немало ниту еден на седиштата- објаснува новинарката Патриција Кирова од Бугарија за ТВ21 и за неофицијалните причините според тамошните власти за несреќата со автобусот на „Беса Транс“. Според нејзините сознанија, огнот започнал да гори од предната страна. каде според бугарската полиција имало туби …

Бугарска новинарка: Горивото било купено поевтино во Турција, втор возач немало Read More »

СДСМ: Максим направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Куманово


Општинската организација на СДСМ од Куманово извести дека денес бил изгласан претседавач на Советот на Општината, а тоа е  Ивана Ѓорѓиевска, која била избрана со гласовите на Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ на Максим Димитриевски, ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса и Алтернатива. „За Наше Куманово воопшто  не комуницираа со советничката листа на СДСМ за било какво коалицирање, …

СДСМ: Максим направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Куманово Read More »

Дојче Веле: Автобусот на „Беса Транс“ не бил пријавен во Министерството за транспорт


Според извори на Дојче веле во Министерството за транспорт и врски, автобусот кој изгоре на автопатот во Бугарија и со себе во смрт однесе 45 патници, воопшто не е пријавен кај надлежните во земјава.   Автобусот на „Беса Транс“ во кој во вторникот загинаа 45 луѓе на автопатот во Бугарија, не бил пријавен кај надлежните институции во …

Дојче Веле: Автобусот на „Беса Транс“ не бил пријавен во Министерството за транспорт Read More »

Блинкен изрази сочувство до Македонија и Бугарија


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази сочувство на граѓаните на Македонија и на Бугарија за двете големи несреќи што се случија во едно денонокие. -Стејт Департментот во име на американскиот народ изразува  длабоко сочувство до народите на Северна Македонија и на Бугарија за трагичната загуба на животи во денешната автобуска несреќа и во пожарот во …

Блинкен изрази сочувство до Македонија и Бугарија Read More »

Сопственикот на „Беса Транс“ тврди дека ги почитувал сите правила


Во опожарениот автобус имало и втор возач бидејќи компанијата ги почитува сите правила, изјавил сопственикот на компанијата „Беса Транс“ за бугарски „Дневник“.  Повеќето автобуси во возниот парк на компанијата, според него,  датираат од 2008-2009 година, изјави за Дневник сопственикот на Беса транс, Беким Хаџиу. -Немам што да коментирам, не знам како дојде до ова , …

Сопственикот на „Беса Транс“ тврди дека ги почитувал сите правила Read More »

Сочувство од Руската амбасада за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија


Руската амбасада во Скопје изрази сочувство по повод жртвите во автобуската сообраќајна несреќа во Бугарија. – Изразуваме најискрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во сообраќајната несреќа во Бугарија. На повредените им посакуваме брзо закрепнување, стои во соопштението од Руската амбасада. Во тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 46 лица, а …

Сочувство од Руската амбасада за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија Read More »

Слави Трифонов: Од двете страни на границата зборот „болка“ е ист


@Оваа трагедија денес е неопислива. Сите ние сме луѓе – не е важно од која националност или вера сме. Знам дека сите сочувствувате и сочувствувате затоа што сме луѓе. Од двете страни на границата зборот „болка“ звучи и се пишува на ист начин“, напиша лидерот на „Има таков народ#,  Слави Трифонов на Фејсбук.

Роднините на загинатите ќе влегуваат приоритетно на бугарската граница


Од надлежните бугарски институции од страна на македонските власти е побарано приоритетно и непречено влегување во Бугарија на роднините на загинатите и повредените, како и на претставници на медиумите од Северна Македонија, со оглед на хуманитарниот аспект на случајот со сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса Транс“. Во рамките на своите надлежности, бугарското МНР овозможи …

Роднините на загинатите ќе влегуваат приоритетно на бугарската граница Read More »

Автобусот бил нов, причините за експлозијата се уште нејасни


Заменик главниот обвинител Борислав Сарафов, главниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и претставници на обвинителствата во Бугарија и РСМ пред медиумите го коментираа трагичниот инцидент на автопатот Струма. Утврдено е дека имало експлозија во автобусот, но засега не се јасни причините за истата. „Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на …

Автобусот бил нов, причините за експлозијата се уште нејасни Read More »

Член на кабинетот на Дехари загинал во автобусот со вереницата


 Газменд Укали (27)  од Кичево и неговата вереница 23 годишната Албина Белули од Тетово се едни од лицата што утрово загинале во несреќата што се случи кога автобус се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија и животот го загубија 46 лица. Информацијата за Телма ја потврдил градоначалникот Дехари. Газменд беше дел од кабинетот на градоначаликот на Кичево, …

Член на кабинетот на Дехари загинал во автобусот со вереницата Read More »