Сочувство од Руската амбасада за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија


Руската амбасада во Скопје

Руската амбасада во Скопје изрази сочувство по повод жртвите во автобуската сообраќајна несреќа во Бугарија.

– Изразуваме најискрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во сообраќајната несреќа во Бугарија. На повредените им посакуваме брзо закрепнување, стои во соопштението од Руската амбасада.

Во тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 46 лица, а седум се повредени.