Бугарска новинарка: Горивото било купено поевтино во Турција, втор возач немало


Сите загинати во несреќата биле на средна врата во обид за спас, немало ниту еден на седиштата- објаснува новинарката Патриција Кирова од Бугарија за ТВ21 и за неофицијалните причините според тамошните власти за несреќата со автобусот на „Беса Транс“. Според нејзините сознанија, огнот започнал да гори од предната страна. каде според бугарската полиција имало туби со нафта покрај резервните гуми.

„Според првичните информации на бугарските медиуми имало гориво во автобусот кое е купено од Турција каде е поевтино отколку во Македонија и Бугарија. Тоа гориво се запалило и е една од причините за несреќата. Има информации дека автобусот кога влегол во заштитната ограда 50 метри возел без да сопре. Нема траги на кочење, што значи изгубил контрола над возилото. Кога влегов во банкината бил предизвикан пожарот кој го предизвикал изгорувањето на тие 45 луѓе кои биле натрупани во една од вратите“, вели Патриција Кирова. 

Таа ја спори и изјавата на сопственикот на компанијата дека ги почитувал сите правила и во автобусот имало два возачи.

„Има информација дека немало втор возач во автобусот, што за пат од Истанбул до Македонија би требало да има уште еден возач. Ако едниот е уморен за да не заспие, другиот да го смени“, додава Патриција Кирова.