Роднините на загинатите ќе влегуваат приоритетно на бугарската граница


Фото: Б. Грданоски

Од надлежните бугарски институции од страна на македонските власти е побарано приоритетно и непречено влегување во Бугарија на роднините на загинатите и повредените, како и на претставници на медиумите од Северна Македонија, со оглед на хуманитарниот аспект на случајот со сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса Транс“.

Во рамките на своите надлежности, бугарското МНР овозможи пристап и на судски лекари, како и вработени од македонското Министерството за внатрешни работи , кои ќе пристигнат во Бугарија во врска со несреќата.

Министерството за надворешни работи на Бугарија, во рамките на своите надлежности, ја дава сета потребна помош за Северна Македонија во врска со несреќата на автопатот Струма. Ова им го увери министерот Светлан Стоев на премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

Министерството за надворешни работи, како и Амбасадата во Скопје, се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и нејзиното дипломатско претставништво во Софија.