Сарафов: Главна причина за несреќата човечка грешка, патниците умреле од задушување

Водечката верзија и главна причина за автобуската несреќа  е човечка грешка, изјави заменик главниот обвинител Борислав Сарафов. Тој прецизираше дека се водела сметка и за лошата патна ознака, сигнализација и организација на сообраќајот. Според оценка на Сарафов организацијата на движењето на магистралата е лоша.

„Заштитната ограда на која удри автобусот е опасна и придонела за несреќата“, рече тој. Немало место на островот што го одвојува местото за одмор, е мислењето на Сарафов. Најверојатно, заштитната ограда што го проби автобусот меѓу предните гуми, сè до влезната врата, го дупнала резервоарот. Луѓето не можеле да излезат бидејќи патот до влезната врата бил попречен од пожар, а задната врата била заглавена со заштитна ограда меѓу двете ленти на автопатот. Има траги на сопирање, но се уште не е јасно зошто автобусот скршнал надесно.

„Немаше терористички акт и експлозија“, рече Сарафов. Пронајдени се само три туби со остатоци од нафта, но тие не биле полни, рече Сарафов. Тоа значи дека тие не се причина за силниот пожар. Не се пронајдени туби со бензин или друга запалива течност.

Според него, сите жртви во автобусот починале од задушување како последица на пожарот, а не од повреди од самата несреќа. Тоа го покажуваат податоците на судско-медицинскиот преглед денеска заменик главниот обвинител Борислав Сарафов.

Сарафов посочи дека продолжуваат испитувањата и анализите на автобусот, кои треба да дадат одговор за причините и начинот на избувнување на пожарот, како и за сообраќајната анализа за причините за кои автобусот ја напуштил патеката на движење.

Изнесувајќи ги собраните до моментот информации, Сарафов, нагласи дека во медиумите гледа доста шпекулации и псевдо експерти, но дека иако по емисиите може да се видат 15 или 20 очевидци, всушност очевидци на настанот нема ниту еден.

– Прво испрашни се двајца од патниците во автобусот, кои биле будни во моментот на несреќата. Двајцата даваат објективни информации, испитани се поединечно и исказите им се совпаѓаат, поради што ги земаме за исклучително точни. Денеска се испитуваат и двајца други кои се во болница, изјави Сарафов.

Екипа од обвинителството утре заминува за Скопје за подигање на изработените ДНК профили од роднини на настраданите, кои потоа ќе се искористат за идентификување на починатите. Потоа, нагласи Сарафов, ќе може телата на жртвите да им се предадат на нивните семејства.