Социјалистичка партија за апсењето на Анакиев: Институциите да постапуваат според закон


Социјалистичката партија на Македонија ја истакнува определбата за чесно и одговорно работење на сите органи и институции во државата, се вели во соопштението на Социјалистичка партија, која е дел од владината коалиција, по апсењето на нејзиниот потпретседател Васе Анакиев. Директорот на државниот инспекторат за земјоделие синоќа е уапсен во полициска акција поради мито. Првичните неофицијални …

Социјалистичка партија за апсењето на Анакиев: Институциите да постапуваат според закон Read More »

Кина со години се подготвувала за глобална енергетска криза


Си Џинпинг со години се подготвувала за ваква криза. Кина мора да го обезбеди своето снабдување со енергија „во свои раце“, рекол нејзиниот претседател за време на посетата на едно од нејзините огромни нафтени полиња во 2021 година. Војната меѓу САД и Израел против Иран го втурна Блискиот Исток во длабок конфликт, при што Ормутскиот …

Кина со години се подготвувала за глобална енергетска криза Read More »

Преведувачка на Путин ќе биде набљудувачка на ОБСЕ на изборите во Унгарија


Унгарските групи за човекови права изразија загриженост во врска со назначувањето на поранешната преведувачка на Владимир Путин на клучна улога во меѓународната мисија за следење на изборите, поради стравувања од руско мешање пред клучното гласање во Унгарија следниот месец. Дарија Бојарскаја, која работеше многу години за руското Министерство за надворешни работи и преведуваше на бројни …

Преведувачка на Путин ќе биде набљудувачка на ОБСЕ на изборите во Унгарија Read More »

Кандидатите за ДКСК негираат дека донираат за партија, Клековски не верува ни дека ќе биде избран


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата заедно со членовите на Комисија за селекција денеска спроведе јавни интервјуа со пријавените кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Требаше да се престават  пет кандидати, но една од нив, Марија Китанов Катралова, не присуствуваше  и согласно правилникот, нејзината кандидатура беше отфрлена. Најмногу …

Кандидатите за ДКСК негираат дека донираат за партија, Клековски не верува ни дека ќе биде избран Read More »

Нова „Иницијатива“ ќе му се спротивстави на ВМРО-ДПМНЕ?


  На македонската политичка сцена се најавува нова иницијатива чија цел ќе биде да ја обедини опозицијата и прогресивната демократска јавност за да ѝ се спротивстави и да ја урне ВМРО-ДПМНЕ од власта. Дали ќе прерасне во нова политичка партија е неизвесно. Иницијатори, наводно, се поранешни функционери на СДСМ. Според изворите за кои пишуваат повеќе …

Нова „Иницијатива“ ќе му се спротивстави на ВМРО-ДПМНЕ? Read More »

Шведски институт: САД веќе не се демократија


САД повеќе не се демократија. Еден од најверодостојните глобални извори за здравјето на демократските нации сега го кажува ова директно. Институтот „Вариети на демократија“ (V-Dem) на Универзитетот во Гетеборг доаѓа до алармантен заклучок во својот годишен извештај дека САД се движат кон автократија со побрзо темпо од Унгарија и Турција. „Нашите податоци за САД датираат …

Шведски институт: САД веќе не се демократија Read More »

Ердоган го обвини Израел дека напаѓа за да присвојува територии


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека целта на нападите насочени прво кон Газа, потоа кон Јемен и Либан, а неодамна и кон Иран, не е само безбедноста, сугерирајќи дека зад тоа стои амбицијата на Израел да окупира нови територии преку војна. Според него, не е случајно што, покрај овие напади, на дневен ред се …

Ердоган го обвини Израел дека напаѓа за да присвојува територии Read More »

Откриен методот на Израелците за „соборување“ на иранските моќни личности


Али Лариџани, еден од врвните безбедносни функционери во Иран, се појави самоуверено меѓу поддржувачите на режимот во центарот на Техеран во петокот. Во темен капут и очила за сонце, тој изгледаше како да ја контролира ситуацијата, иако веќе беше идентификуван како една од главните цели. „Храбар народ, храбри функционери и храбри лидери – таква комбинација …

Откриен методот на Израелците за „соборување“ на иранските моќни личности Read More »

Бугарскиот министер за земјоделство се бори против корупцијата преку Фејсбук


Бугарскиот привремен министер за земјоделство се обидува да се соочи со длабоко вкоренетата корупција поврзана со субвенциите за земјоделски производи од ЕУ, инспекциите за безбедност на храната и мрежите на организиран криминал. На Иван Христанов му недостасуваат и време и изборен мандат – незгодни почетни услови за амбициозен борец против корупција. Но, барем неколку месеци …

Бугарскиот министер за земјоделство се бори против корупцијата преку Фејсбук Read More »

Власта гласаше против контрола на насилниците


Пратениците од парламентарното мнозинство повторно не ги изгласаа измените на Законот за заштита од семејно насилство и насилство врз жените, предложени од Либерално-демократската партија, со кои беше предвидено воведување електронски нараквици за следење на сторителите. Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, од собраниската говорница остро реагираше, оценувајќи дека ваквата одлука претставува директна одговорност за идните случаи …

Власта гласаше против контрола на насилниците Read More »

Ненад Савески избран со 66 гласа за државен јавен обвинител


Собранието со 66 гласа „за“ го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Против неговиот избор гласаа двајца пратеници, додека осуммина беа воздржани. Владиниот предлог го образложи вицепремиерот Александар Николоски, кој истакна дека на државата очајно ѝ е потребна правда и владеење на правото. Тој го опиша Савески како врвен професионалец без ниту една …

Ненад Савески избран со 66 гласа за државен јавен обвинител Read More »

Вајц ги повикува политичарите во Македонија да престанат со нападите врз правосудството


  Додека пратениците од власта си прават политички пи-ар во Собранието плукајќи врз работата на обвинителите во државата, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предложи амандман со кој јасно им покажа каде го гледа проблемот околу правдата во Македонија, што ВМРО-ДПМНЕ не ја вадат од уста.    Имено, во еден од амандманите Вајц …

Вајц ги повикува политичарите во Македонија да престанат со нападите врз правосудството Read More »

Николоски ја обвини Шекеринска дека со судска пресуда сакала да го укине ВМРО-ДПМНЕ


  Жестока вербална престрелка се случи во Собранието меѓу вицепремиерот Александар Николоски и пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на расправата за избор на нов јавен обвинител, наследник на Љупчо Коцевски. Николоски во својата реплика ја обвини претходната власт дека го контролирала правосудството и штитела партиски кадри. „Претходниот обвинител не решаваше предмети, не постапуваше и ги …

Николоски ја обвини Шекеринска дека со судска пресуда сакала да го укине ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Савески: Не може сиромашна институција да се бори против богати од криминал


  „Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспарентност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин. Меѓу останатото и она што често се коментира е да се обезбедат финансиски средства. Иако акцентот се става на платите, платите …

Савески: Не може сиромашна институција да се бори против богати од криминал Read More »

Трамп учи за границите на моќта на САД – но бавно учи!


Доналд Трамп му држи лекција на светот, но не онаа што мисли. Нападот врз Иран требаше да биде блескав приказ на воена супериорност. Наместо тоа, тој осветли пукнатини во оклопот на САД. Огромниот арсенал на американскиот претседател не може да предизвика востание од тиранизираната и безводна опозиција на Иран. Не може да ги принуди трговските …

Трамп учи за границите на моќта на САД – но бавно учи! Read More »

Мала е, стабилна и европска приказна за успех. Зошто Словенија му врти грб на либерализмот?


Прошетајте низ речиси секој град во Словенија – или едноставно возете по нејзините регионални патишта – и не можете да ги пропуштите. Постери се лепат на улични светилки, автобуски станици и градежни огради, прогласувајќи триумфи на една или друга политичка партија. Тоа е непогрешливиот визуелен јазик на сезоната на кампањата: Словенија се упатува кон гласачките …

Мала е, стабилна и европска приказна за успех. Зошто Словенија му врти грб на либерализмот? Read More »

Трамп го нарече „глупа грешка“ одбивањето на европските земји да учествуваат во неговата војна


Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини членките на НАТО дека направиле „глупа грешка“ откако одбиле да учествуваат во обезбедувањето на Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која пред војната минувале околу 20 проценти од светската нафта. Говорејќи од Овалната соба, Трамп изјави дека повеќето сојузници не сакале да се вклучат во конфликтот, додавајќи дека иако …

Трамп го нарече „глупа грешка“ одбивањето на европските земји да учествуваат во неговата војна Read More »

Мицкоски во Брисел на Конгресот на ЕПП


Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со Драган Ковачки и Стефан Андоновски ќе учествува на Конгресот на Европската народна партија во Брисел, кој ќе се одржува во наредните два дена. На Конгресот се очекува присуство на високи европски функционери, меѓу кои претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателката на Европскиот …

Мицкоски во Брисел на Конгресот на ЕПП Read More »

Експертите бараат поголем буџет за обвинителите


Собраниската Комисија за политички системи организираше јавна расправа за новиот предлог-закон за Јавното обвинителство, на која експерти од правната област ги кажаа забелешките околу решението. На почетокот, членовите од работната група што го составуваше законот рекоа дека тој е дел од реформската агенда и дека во него се вметнати сугестиите на Венецијанската комисија и од …

Експертите бараат поголем буџет за обвинителите Read More »

Со Ристов во РКЕ Мицкоски ја шири својата бизнис мрежа


Бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката се шири со нова алка.Поранешниот градоначалник од ВМРО, Ацо Ристов, чија сопруга Данка Ристова е избрана за членка на Судскиот совет, е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, реагира СДСМ на најновата одлука за именување на наследник на Марко Беслимовски. !И Ристов како Мицкоски имал бизнис …

Со Ристов во РКЕ Мицкоски ја шири својата бизнис мрежа Read More »