Билјана Ивановска ја отфрли понудата на обвинителството, утре ќе оди на распит


  Кандидатката за градоначалник за општина Центар од  „Независни заедно“, Билјана Ивановска, нема да ја прифати понудата на Јавното обвинителство на Македонија да дојде на распит – откако ќе завршат локалните избори на кои таа ќе учествува, за да не го сфати тоа како политички притисок врз неа. Според она што го изјави за „Независен“, …

Билјана Ивановска ја отфрли понудата на обвинителството, утре ќе оди на распит Read More »

Тортевски ги најде „моштите на Афри Кола“ во Вардар


Александар Тортевски од партијата Твоја викендов повика на акција за чистење на коритото на Вардар, и тоа не којзнае каде – туку во најцетралниот дел од градот. По акцијата тој објави фотографија објавувајќи дека ги нашол моштите на Афро Кола. -Денес на 19 август, денот на Наоѓање на моштите на прп. Серафим Саровски, Тортевски во …

Тортевски ги најде „моштите на Афри Кола“ во Вардар Read More »

Кучето што беше влечено со возило згрижено во ЈП „Лајка“


Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие. Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како …

Кучето што беше влечено со возило згрижено во ЈП „Лајка“ Read More »

Жерновски прогнозира вонредни парламентарни избори


  Поранешниот градоначалник и екс-амбасадор на Македонија во Романија, Андреј Жерновски, смета дека Македонија е во политичка криза и дека владата е нефункционална бидејќи нема Бадинтерово мнозинство, така што неговите очекувања се по локалните да има и вонредни парламентарни избори.   „Изминатиов викенд и дефинитивно стана јасно дека, во мугрите на одржувањето на локалните избори, …

Жерновски прогнозира вонредни парламентарни избори Read More »

Стигнале 40 приговори за обвинителниот акт околу пожарот во Кочани


Основниот кривичен суд – Скопје информира дека обвинителниот акт поврзан со несреќата во Кочани е во постапка на оцена пред Советот за оцена на обвинителен акт. Досега се доставени 40 приговори од обвинетите и нивните бранители, кои веќе се испратени до надлежното обвинителство. Судот посочува дека станува збор за обемен предмет со 37 обвинети физички …

Стигнале 40 приговори за обвинителниот акт околу пожарот во Кочани Read More »

Support Kocani обезбеди трета донација на компресивна облека


Граѓанската иницијатива Support Kocani ја реализира и третата пратка компресивна облека, наменета за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување. Вредноста на оваа набавка изнесува 2.193.047 денари (35.555 евра), а средствата се целосно обезбедени исклучиво преку донации …

Support Kocani обезбеди трета донација на компресивна облека Read More »

Масовни демострации во Израел за прекин на војната


Стотици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да повикаат на прекин на војната во Газа и ослободување на заложниците, што беа едни од најголемите демонстрации во Израел од почетокот на борбите во октомври 2023 година. Митингот во неделата вечерта беше кулминација на еден ден национални протести и општ штрајк за притисок врз владата …

Масовни демострации во Израел за прекин на војната Read More »

Во дивиот свет на приватните зоолошки градини на политичарите


Силните луѓе не ја мерат моќта само со позлатени палати и воени паради, туку и со егзотичните суштества се повеќе дома  отколку во досадните европски рамнини. Неодамнешните снимки од дрон од семејниот имот на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Хатванпушта, поранешен имот на Хабсбург, предизвикаа контроверзи откривајќи дека покрај луксузните карактеристики како градина со палми, …

Во дивиот свет на приватните зоолошки градини на политичарите Read More »

Шукова ќе ја враќа славата на МКЦ, на младите и пензионерите ќе им дава ваучери за културни настани


Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска пред Младинскиот културен центар се сретна со претставници од културната сцена, со кои разговараше за тоа што му е потребно на главниот град за да заживее како вистински град на културата, се наведува во соопштението од СДСМ. „Културата не треба да биде привилегија. Културата треба да биде …

Шукова ќе ја враќа славата на МКЦ, на младите и пензионерите ќе им дава ваучери за културни настани Read More »

Европскиот фронт се ребрендира, ќе стане Национална алијанса за интеграција


Европскиот фронт се ребрендира и на локалните избори закажани за 19 октомври ќе настапи под логото Национална алијанса за интеграција (НАИ). За ова информира со објава преку Фејсбук  лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети. -Живееме во тешки времиња и ние Албанците сè помалку сме почитувани од актуелната власт, која нема албански етнички легитимитет. Но, …

Европскиот фронт се ребрендира, ќе стане Национална алијанса за интеграција Read More »

Родителите на загинатите во Кочани под тортура од владините ботови


Родителите на децата кои трагично ги загубија своите животи во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочат дека се соочуваат со нова болка – навреди и најгнасни коментари од ботови поврзани со власта на социјалните мрежи кои траат од дента на трагедијата до ден денес, пишува Антополог. „Што си ја пуштала ќерка ти во тоа …

Родителите на загинатите во Кочани под тортура од владините ботови Read More »

Охрид SOS алармира: И депонии за опасен отпад ќе се прават само со потпис на градоначалник и министер


Граѓанската иницијатива Охрид SOS алармира дека зад јавната расправа за наводен урбанистички проект организирана од Министерството за транспорт се крие легализирана експлоатација на земјоделско, шумско и крајбрежно земјиште.  Фотоволтаични фарми, мали хидроцентрали и депонии за опасен отпад се предвидуваат со урбанистички проект, а не со урбанистички план! Урбанистичкиот проект вон опфат, како урбанистичко – планска …

Охрид SOS алармира: И депонии за опасен отпад ќе се прават само со потпис на градоначалник и министер Read More »

ДПА нема да учествува на изборите – биле „маскарада“


  Локалните избори се маскарада. Демократската партија на Албанците нема да учествува на локалните избори. Соработката со Ахмети и со ДУИ е целосно невозможна, изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи по денешната седница на партиското централно собрание. ДПА пред неколку дена соопшти дека ја напушта коалицијата на ДУИ – Европски фронт. „Нема да имаме кандидати …

ДПА нема да учествува на изборите – биле „маскарада“ Read More »

Рубио: Европските лидери не доаѓаат за да спречат Зеленски да биде малтретиран од Трамп


Американскиот државен секретар, Марко Рубио, кој учествуваше на средбата на претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин во Аљаска, оцени  дека и Русија и Украина ќе мора да направат отстапки ако сакаат да постигнат мировен договор. -Двете страни сакаат работи што нема да можат да ги добијат – рече Рубио, додавајќи дека „можеби дури и да …

Рубио: Европските лидери не доаѓаат за да спречат Зеленски да биде малтретиран од Трамп Read More »

И Левица ќе има кандидат за градоначалник на Скопје


Партијата Левица во нивен стил најави денес дека ќе има свој кандидат за градоначалник во Скопје и неговото име ќе го објават оваа недела.   „А, бе не ли ви е доста од истите хоштаплерски и нехаризматични сурати од двете најголеми партии, кои сакаат да се докопаат до градската власт, за да после им шибаат …

И Левица ќе има кандидат за градоначалник на Скопје Read More »

Германски реакции: Вучиќ најавува пресметка со демонстрантите


  „По антивладините протести во Србија, претседателот Александар Вучиќ најави остра пресметка со демонстрантите, нарекувајќи ги „терористи“, пишува јавниот сервис ZDF и ги пренесува зборовите на Вучиќ од конференцијата во недела: „Ќе направиме сè што е во наша моќ за да го вратиме законот, мирот и редот“.   Вучиќ е опишан во извештајот како „десничарски …

Германски реакции: Вучиќ најавува пресметка со демонстрантите Read More »

Русија убива цивили додека глуми преговори за мир


Руски воздушен напад изминатата ноќ врз станбена област во Харков уби три лица, меѓу кои и едно дете, и рани 17, соопштија во понеделникот украинските власти, додека САД вршат притисок врз Киев бргу да прифати договор за крај на војната што ја започна Москва. Во напад со дрон рано во понеделникот загинало 2-годишно момче во …

Русија убива цивили додека глуми преговори за мир Read More »

„Добро утро Битола“ – Габриела Илиевска ја објави кандидатурата за градоначалник


  Со поздравот „Добро утро Битола!“ преку Фејсбук актуелната претседателка на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, ја објави кандидатурата за градоначалник на Битола. Илиевска е дел од независната група „Поинаку“.  Илиевска објави и дека нема средства за кампања.  „Да ме поддржите за независен кандидат за градоначалник и да се приклучите кон фронт против 30 …

„Добро утро Битола“ – Габриела Илиевска ја објави кандидатурата за градоначалник Read More »

„Шанса за Центар“: Гласачките ливчиња ќе личат на тетратка


Иако прагот за учество на изборите е намален, иницијативата „Шанса за Центар“ порача дека ќе продолжи со собирање потписи за основање на политичката платформа „Независни заедно“. „Граѓаните кои сакаат да ни дадат поддршка тоа можат да го сторат оваа недела. Ги повикуваме и другите организирани групи низ Македонија да се приклучат“, соопштуваат од иницијативата.  Од …

„Шанса за Центар“: Гласачките ливчиња ќе личат на тетратка Read More »

Србија не се смирува, вечерва се протестира во десет градови


Србија не се смирува, вечерва се одржуваат повторно протести. Тоа е и мото на протестот на студентите – „Србија не може да се смири“ – кој се одржува на неколку локации во Белград и во девет други градови низ земјата. Причината, велат тие, е прекумерната употреба на полициска сила и нападите врз демонстрантите од страна …

Србија не се смирува, вечерва се протестира во десет градови Read More »