Кипарските власти го пронајдоа и сослушаа сопственикот на бродот што го пренел амониум нитратот во Бејрут
По барање на Интерпол, кипарската полиција го пронашла и го сослушала 43-годишниот Русин, поранешен сопственик на бродската компанија, која во Бејрут пренела амониум нитрат, објавија медиумите од островот. Портпаролот на полицијата на Кипар, Христос Андреу за кипарската новинска агенција ЦНА рекол дека по комуникацијата со Интерпол во Либан и „во рамките на меѓународната полициска соработка …