Германска дипломатка загинала во експлозијата во Бејрут


Во катастрофалната експлозија во Бејрут, во која животот го загубија повеќе од 135 лица, загина и еден вработен од германската амбасада во Либан, јавуваат германските медиуми.

„Нашиот најголем страв е потврден. Еден член на нашата амбасада во Берлин е убиен во експлозијата“, изјави министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас. „Сите сме длабоко вознемирени од смртта на нашата колешка“.

Мас изрази сочувство до семејството и персоналот на амбасадата во Бејрут.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите кои, како и нашата настрадана колешка, секој ден преземаат големи лични ризици ширум светот со цел да и служат на нашата земја“, рече Мас.

Гувернерот на Бејрут изјави денеска дека стотици илјади луѓе можеби нема да можат да се вратат во своите домови два или три месеци.