Починатиот 22-годишен пациент од Ковид-19 имал Даунов синдром


Фото: Б. Грданоски

Дваесет и двегодишниот пациент од Скопје, кој е еден од шесте починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа, имал Даунов синдром, информираа од Министерството за здравство.

Пациентот, како што посочија, во тешка општа состојба бил примен на 16 јули во Градската општа болница „8 Септември“.