Арсовски: СДСМ да објават со кои партии имаат формирано мнозинство


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски и денес не ги негираше ниту пак ги потврдуваше информациите за тоа дека имаат приближни ставови со ДУИ за влада.

„ ВМРО-ДПМНЕ рабoти на формирање на парламентарно мнозинство и информации од непотврдени и неидентификувани извори ниту ги потврдуваме ниту ги демантираме. Гледаме дека СДСМ и Заев викаат дека имале мнозинство, а пак од друга страна тоа не го потврдуваат политичките партии. Би упатил јавно да ги прашате СДСМ да објават со кои партии имаат формирано парламентарно мнозинство, кои се коалиционите партнери на СДСМ, да изнесат детали, бидејќи зборовите кои што можевме вчера да ги видиме од нивна страна во медиумите, односно од нивни извори „СДСМ има мнозинство“ не се доволни за формирање на влада, туку треба 61 пратеник да се согласи на тоа. Во спротивно на тоа СДСМ во овој момент освен што дрско краде, дрско и лаже што впрочем не е ништо ново за нив изминативе три години. Така да може слободно да одговорат со кого формирале и детали околу парламентарното мнозинство“, рече Арсовски.