Возач насилник предизвика судар кај „Скопјанка“ и избега


Возач насилник влета на крстосницата кај Трговскиот центар „Скопјанка“ додека се движеа возила од спротивниот правец и удри директно во едно од возилата.

И додека сопствениците на удреното возило во шок ја проверуваа штетата тој даде гас и одјури покрај нив, практично загрозувајќи им ги и животите. Дрскиот возач управуваше црвено мало возило од постар модел.