Заев ѝ рекол на Холштајн дека преговара за стабилно мнозинство


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ја информирал германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн, дека неговата партија води сериозни разговори за формирање ново, стабилно парламентарно мнозинство и нова влада која ќе работи во интерес на граѓаните. Како што истакнал Заев на средбата со Холштајн, развој и унапредување на економијата, како и реформи во правосудството ќе бидат врвните приоритети на новата Влада.

„Водиме процес на разговори преку кои ќе обезбедиме сигурно стабилно парламентарно мнозинство преку кое ќе обезбедиме нова, одговорна влада со полн четиригодишен мандат. Заради преговорите со ЕУ, заради предвидливоста и економската сигурност, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и формирање стабилна, одговорна влада која ќе движи брзо напред. Развој и унапредување на економијата и реформи во правосудството ќе бидат врвните приоритети на новата влада предводена од СДСМ и тоа ќе го покажеме уште во првите сто дена од мандатот“, нагласил Заев.