(ВИДЕО) Либанците го молеа Макрон да им ја урне корумпираната влада


Францускиот претседател Емануел Макрон шеташе денес низ областа погодена од екплозијата во Бејрут и притоа беше пречекан со трогателно внимание од тамошните жители кои беа гневни и го молеа да не и дава пари на нивната корумпирана влада  нарекувајќи го актуелниот претседател на земјата „терорист“.

-Ве молам, немојте да и давате пари на нашата корумпирана влада. Не можеме да се справиме со тоа, го молеше една девојка на што тој договори : Знам, не се грижете, токму тоа ќе го направам, ќе им дадам пари на луѓето, не на владата.

Тој исто така рече дека ќе предложи нов  политички пакт во Либан и ќе се врати на први септември, а ако тие не сакаат или не можат да го спроведат тоа, лично ќе преземе одговорност.Граѓаните таа изјава ја поздравија со зборовите “сакаме да падне режимот“. Според нив, владата во Бејрут е премногу под влијание на исламистичката група Хезболах зад која стои Иран.

Додека поминуваше Макрон, низ улиците на Бејрут доброволци ги чистеа остатоците од експлозијата што остави 157 мртви и над 5.000 повредени како резултат на небрежноста на институциите во земјата.

https://twitter.com/i/status/1291326073330900993