Фондот на ПИОМ подготвува договор за електронска размена на податоци со институциите од Австрија


Работни групи на Фондот на ПИОМ и на институциите за задолжително австриско пензиско осигурување од Австрија: Институцијата за пензиско осигурување (PVA), Службата за социјално осигурување на претприемачите (SVS) и Институцијата за осигурување на вработените во јавните служби, железниците и рударската индустрија (BVAEB) ја одржаа втората работна средба за подготовка и усогласување на договорот за редовна …

Фондот на ПИОМ подготвува договор за електронска размена на податоци со институциите од Австрија Read More »

Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција


„Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите“, истакна гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија. „По краткотрајни реакции карактеристични за секоја неизвесност, состојбата брзо се стабилизира. Нема намалување на депозитите, напротив, тие бележат раст, што е јасен показател …

Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција Read More »

Албанските иселеници минатата година дома испратиле рекордни 1,12 милијарди евра


Централна банка на Албанија објави дека дознаките на иселениците минатата година достигнале износ од 1,12 милијарди евра, што е највисоко ниво забележано досега. Според официјалните податоци од Банката, во споредба со 2024 година, кога овие дознаки изнесуваа 1,04 милијарди евра, ова резултира со зголемување од 73,69 милиони евра, или 7,1 отсто. Италија, Грција, Германија и …

Албанските иселеници минатата година дома испратиле рекордни 1,12 милијарди евра Read More »

Филипче: Со поскапувањата, ниту 600 евра не се доволно да се надмине кризата


Ниту 600 евра сега не се доволно за граѓаните да ја надминат оваа криза, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“. Филипче укажа дека од сегашните ценовни шокови особено се погодени социјално ранливите категории граѓани, најниско платените работници, пензионерите со најниски пензии, многудетните семејства, се вели во соопштението на СДСМ. …

Филипче: Со поскапувањата, ниту 600 евра не се доволно да се надмине кризата Read More »

Путин го ограничува извозот на готовина и злато


Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша декрети со кои се ограничува извозот на готовина и злато како дел од поширока кампања за борба против сивата економија и спречување на одливот на капитал. Според еден декрет, пренесувањето рубљи преку границите на Русија во Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) ќе биде забрането во еквивалент на повеќе од 100.000 …

Путин го ограничува извозот на готовина и злато Read More »

ФИНКИ ја отвори дилемата: дали интернетот е навистина достапен за сите?


време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот „WebEmpower“. Наместо класичен академски пристап, настанот отвори директен и понекогаш неудобен дијалог за реалната состојба на дигиталната пристапност во Северна Македонија. Преку серија интерактивни …

ФИНКИ ја отвори дилемата: дали интернетот е навистина достапен за сите? Read More »

Заврши примирјето: Жестоки артилериски престрелки на авганистанско-пакистанската граница


Нови борби избија на границата меѓу Авганистан и Пакистан по истекот на привременото примирје, при што загинаа најмалку двајца цивили, соопштија талибанските власти. Примирјето беше објавено по повод празникот Рамазан Бајрам. Зиаур Рахман Спиенгар, претставник на авганистанската провинција Кунар, изјави дека пакистанските сили истрелале десетици артилериски гранати во реоните Нарај и Саркано. Авганистанските сили одговориле …

Заврши примирјето: Жестоки артилериски престрелки на авганистанско-пакистанската граница Read More »

Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА


Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема. Како што информира Народната банка (НБ), вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен …

Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА Read More »

Руски дрон паднал на територијата на Романија


Руски воен дрон навлегол во романскиот воздушен простор и се урнал на територијата на Романија, откако врз леталото претходно дејствувала украинската противвоздушна одбрана. Како што соопшти романското Министерство за одбрана, во инцидентот нема повредени лица ниту е причинета материјална штета. Дронот ноќеска во 00:44 часот навлегол во романскиот воздушен простор и паднал на околу четири …

Руски дрон паднал на територијата на Романија Read More »

Снег во Хрватска. Еве како изгледаат утрово автопатиштата (фото)


Хрватска е на удар на голема промена на времето со врнежи од снег и силни ветрови. Како што јавуваат тамошните медиуми, снег паѓа во Горски Котар и делови од северозападна Хрватска, додека по должината на брегот дуваат силни ветрови. Зимски услови се на некои патишта во Горски Котар и Лика. Зимската служба е распоредена, а …

Снег во Хрватска. Еве како изгледаат утрово автопатиштата (фото) Read More »

Повлекувањето на Џејмс од франшизата во Лас Вегас може да биде поврзано со проект за алтернативна лига


Се појавија нови информации во врска со можните деловни интереси на Леброн Џејмс. Деловниот партнер и претставник на Леброн Џејмс, Маверик Картер, од „Фенвеј Спортс Груп“, минатата година советуваше група инвеститори за можноста за организирање алтернативна НБА кошаркарска лига во САД, но во еден момент објави дека го напуштил проектот. Картер деновиве сега неочекувано се …

Повлекувањето на Џејмс од франшизата во Лас Вегас може да биде поврзано со проект за алтернативна лига Read More »

Мбапе негира дека му третирале погрешно колено


Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ги негираше извештаите дека медицинскиот персонал на клубот по грешка го третирал здравото колено. Новинар од францускиот „RMC Sport“, пред два дена објави дека во декември 2025 година, Реал Мадрид не успеал да открие делумно кинење на лигаментите на левото колено на играчот, бидејќи наместо тоа го скенирале неговото …

Мбапе негира дека му третирале погрешно колено Read More »

„Волстрит џурнал“: Арагчи и Калибаф привремено тргнати од „списокот за ликвидација“


САД и Израел привремено ги тргнале од списокот за ликвидација иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и претседателот на Парламентот Мохамед Бакер Калибаф. Американскиот весник „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани американски официјални лица, пишува дека одлуката била донесена во рамки на напорите за започнување мировни преговори меѓу Вашингтон и Техеран. Според изворите на …

„Волстрит џурнал“: Арагчи и Калибаф привремено тргнати од „списокот за ликвидација“ Read More »

Џеј Ди Венс ќе ја посети Унгарија спроти избори


  Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се очекува на 7 и 8 април да ја посети Унгарија, спроти парламентарните избори во земјата, закажани за 12 април. Посетата на Венс се смета како знак на поддршка за Виктор Орбан за изборите, за кои аналитичари ценат дека ќе бидат најголем предизвик за премиерот Орбан од неговото стапување …

Џеј Ди Венс ќе ја посети Унгарија спроти избори Read More »

Стармер одобри запленување на руските танкери од „флотата во сенка“


Британските специјалци ќе можат да се качуваат и да ги запираат бродовите од руската „флота во сенка“ додека минуваат низ водите на Обединетото Кралство, најави премиерот Кир Стармер, пренесува ДПА. Стармер изјави дека Велика Британија ќе им се придружи на северноевропските сојузници во пресретнувањето на танкерите, во обид уште посилно да се справат со бродовите …

Стармер одобри запленување на руските танкери од „флотата во сенка“ Read More »

Вечерва Македонија против Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026


Предводена од новиот селектор Гоце Седлоски, македонската фудбалска репрезентација вечер во Копенхаген ќе се соочи со Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026. -Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е …

Вечерва Македонија против Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026 Read More »

УЕФА ја казни Бенфика за расизам против Реал, случајот Престијани уште се разгледува


 Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја казни Бенфика со вкупно 73.000 евра за несоодветно однесување на навивачите на натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Португалскиот тим беше казнет со 40.000 евра поради расистичкото и дискриминаторско однесување на некои навивачи за време на натпреварот што Реал го доби со 1:0 во Лисабон …

УЕФА ја казни Бенфика за расизам против Реал, случајот Престијани уште се разгледува Read More »

Без струја делови од Кисела Вода и Карпош


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08.00 до 14.00 часот, ќе останат корисниците од Пинтија, дел од ул. Саса, а од 08.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул.Востаничка од број 44 до 49 во Општина Кисела Вода, соопшти РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 14.00 часот, ќе немаат и …

Без струја делови од Кисела Вода и Карпош Read More »

Најмалку 24 лица загинаа откако автобус се урна во река додека се обидуваше да се качи на ферибот во Бангладеш


Најмалку 24 лица загинаа откако патнички автобус со околу 40 патници се урна во реката Падма додека се обидуваше да се качи на ферибот во Бангладеш, соопштија денеска официјални лица. Несреќата се случи вчера кога автобусот ја изгуби контролата додека се приближуваше до ферибот во Даулатдија во округот Раџбари, околу 100 километри од Дака. Автобусот …

Најмалку 24 лица загинаа откако автобус се урна во река додека се обидуваше да се качи на ферибот во Бангладеш Read More »

Четворица убиени во американски напад врз брод со осомничени трговци на дрога на Карибите


Четворица мажи се убиени синоќа во американски воен напад врз брод со осомничени трговци со дрога во Карипското Море, соопшти американската армија. Американската Јужна команда (SOUTHCOM) соопшти дека „четворица машки нарко-терористи“ загинале во „смртоносен кинетички напад“ врз брод за кој САД тврдат дека се движел по познати рути за шверц на дрога и бил вклучен …

Четворица убиени во американски напад врз брод со осомничени трговци на дрога на Карибите Read More »