„Независни за Карпош“ се откажаа од формирање партија


  „Независни за Карпош“ одлучија на претстојните локални избори да излезат со граѓанска листа. „Остануваме на принципот дека самостојното делување ни овозможува да се прилагодуваме на секојдневните барања и приоритети на граѓаните во нашата општина. Таа флексибилност, која ја сметаме за клучна за нашата ефикасност, е многу потешко остварлива во рамки на поголема група или …

„Независни за Карпош“ се откажаа од формирање партија Read More »

Ова се цените на горивата во Европа


Европската комисија ги ажурира споредбените цени на горивата во голем број земји од ЕУ на неделна основа. Овие податоци им помагаат на возачите да ги споредат цените и да планираат каде ќе полнат поевтино. Според споредбените податоци од 7 август, Хрватска е меѓу попристапните, но треба да се има предвид дека цените често варираат од …

Ова се цените на горивата во Европа Read More »

Меѓународната агенција за енергија повторно ја намали прогнозата за побарувачката на нафта


Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) дополнително ја намали прогнозата за побарувачката на сурова нафта за оваа година, повикувајќи се на послабиот глобален економски раст и несигурност на пазарот. Според месечниот извештај објавен во Париз денеска, за 2025 година се очекува пораст на побарувачката од само 680.000 барели дневно, во споредба со претходната прогноза од 700.000 …

Меѓународната агенција за енергија повторно ја намали прогнозата за побарувачката на нафта Read More »

Израел го бомбардираше најголемиот палестински град, загинаа 123 лица


Израелската армија денес го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање на областа, а според Министерството за здравство на Газа, 123 лица се убиени во последните 24 часа. Израелската армија објави дека „одобрила“ план за освојување на градот Газа, најголемиот град на палестинската територија, како дел од новата фаза од офанзивата насочена кон поразување на Хамас …

Израел го бомбардираше најголемиот палестински град, загинаа 123 лица Read More »

Јаневска: МОН не може и не треба да ги превземе надлежностите на Општина Струга


Поради недомаќинско работење на градоначалникот Рамис Мерко и целото раководство во Општина Струга не им стигнуваат блок дотациите за основните училишта, смета министерката за образование и наука Весна Јаневска. Прашана за коментар по вчерашната објава на Општина Струга дека ги отстапува надлежностите за основните училишта на нејзина територија на Министерството за образование и наука за …

Јаневска: МОН не може и не треба да ги превземе надлежностите на Општина Струга Read More »

Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти


Полското министерство за европски фондови вчера ги запре сите исплати од програмата на Европската Унија за финансирање на хотели, ресторани и културни простори, откако иницијативата за транспарентност откри дека средствата биле искористени за јахти, вотка-барови и фирма регистрирана на истата адреса како секс-клуб, јавија денеска локални медиуми. Министерката за европски фондови, Катажина Пелчинска-Налеч, изјави дека …

Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти Read More »

Задолженоста во регионот и во Европа — каде е Македонија на листата на најголеми должници?


Македонија дели речиси исто ниво на јавен долг со Црна Гора, Хрватска и Словачка, додека многу членки на Европската Унија се далеку позадолжени. Анализата на порталот Банкар покажа дека, иако е лидер во регионот на Западен Балкан по нивото на задолженост, во европскиот просек, долгот на Црна Гора не е меѓу најголемите. На дното на …

Задолженоста во регионот и во Европа — каде е Македонија на листата на најголеми должници? Read More »

Словенечките хотели се вклучија во правната битка против „Букинг“


Словенечките хотелиери се вклучија во масовната тужба против платформата за резервации на сместување „Букинг“ (Booking), во која повеќе од 10.000 европски хотели ја обвинуваат дека ги спречува да понудат пониски цени. Не е објавено колку од нив се приклучени на правната битка. Како што е познато, повеќе од 10.000 европски хотели се здружија во тужба …

Словенечките хотели се вклучија во правната битка против „Букинг“ Read More »

Цените на кафето паднаа прв пат по 18 месеци


Потрошувачките цени на кафето во Бразил се намалија за 1,01 процент во јули во однос на претходниот месец, што е прв пад за година и пол, соопшти во вторник Бразилскиот институт за географија и статистика (IBGE). Падот на малопродажните цени во најголемата земја во Јужна Америка е резултат на пониските цени што им се исплаќаат …

Цените на кафето паднаа прв пат по 18 месеци Read More »

Зеленски: Како дел од мировниот договор, Путин бара Украина да се повлече од целиот регион Донецк


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака договорот за прекин на огнот да вклучува повлекување на Украина од 30-те проценти од територијата на регионот Донецк што сега ја контролира. Зеленски повтори дека Украина нема да се повлече од териториите што ги контролира бидејќи тоа е неуставно и би послужило само …

Зеленски: Како дел од мировниот договор, Путин бара Украина да се повлече од целиот регион Донецк Read More »

Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ


Средбата меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе се одржи в петок во Енкориџ, Алјаска, соопшти денеска Белата куќа. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на прес-конференција објави дека в петок наутро, претседателот Трамп ќе отпатува во Енкориџ, Алјаска, на билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин. Таа навести …

Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ Read More »

Кина ги прекина односите со чешкиот претседател бидејќи се сретнал со Далај Лама


Кинеската влада соопшти дека ги прекинува сите врски со чешкиот претседател Петр Павел бидејќи неодамна се сретнал со Далај Лама. На 27 јули, за време на приватно патување во Индија, Павел се сретнал со Далај Лама за да му го честита 90-тиот роденден. Далај Лама живее во егзил во индискиот град Дарамшала откако избега од …

Кина ги прекина односите со чешкиот претседател бидејќи се сретнал со Далај Лама Read More »

Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува – изгасната една линија, теренот останува критичен


 Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на армијата и полицијата заедно со екипи на ЈП „Јасен“. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. -Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно …

Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува – изгасната една линија, теренот останува критичен Read More »

Фајненшал тајмс: Одбранбената индустрија на ЕУ се шири со рекордно темпо


 Европските фабрики за оружје се шират трипати побрзо од нивното мирновременско темпо. Новите индустриски области покриваат повеќе од 7 милиони квадратни метри, што го доведува вооружувањето до историски размери, наведува во анализа „Фајненшл тајмс“ според сателитски податоци од 150 локации на 37 одбранбени компании. Градежната активност во европската одбранбена индустрија се мобилизира по целосната инвазија …

Фајненшал тајмс: Одбранбената индустрија на ЕУ се шири со рекордно темпо Read More »

Српски Завод за статистика: За една година овошјето поскапе за 81,4 отсто


Цените на земјоделските и рибните производи во јуни во Србија се зголемија за 13,4 проценти во споредба со јуни лани, објави денес српскиот Завод за статистика. Растот на цените најмногу бил под влијание на цените на житото – 3,9 проценти и овошјето – 81,4 проценти. Цените на земјоделските и рибните производи во јуни во споредба …

Српски Завод за статистика: За една година овошјето поскапе за 81,4 отсто Read More »

„Вашингтон пост“: Пентагон планира формирање сили за брзо реагирање при нереди


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за создавање сили за брзо реагирање при нереди, објави весникот „Вашингтон пост“. Овие сили би биле брзо распоредени во американските градови при протести и нереди, појаснува американското издание, повикувајќи се на внатрешни документи на Пентагон. Планот предвидува 600 војници да бидат во состојба на готовност за транспорт до …

„Вашингтон пост“: Пентагон планира формирање сили за брзо реагирање при нереди Read More »

Суша во Истанбул: во јули само еден дождовен ден, браните под 50 отсто од капацитетите


Во јули, во Истанбул е забележан само еден дождовен ден – што е за 71 проценти помалку врнежи во споредба со истиот месец минатата година, а поради сушата нивото на браните што го снабдуваат градот со вода падна под 50 проценти, јави ТРТ Хабер. Според извештај на турското Министерство за животна средина, урбанизам и климатски …

Суша во Истанбул: во јули само еден дождовен ден, браните под 50 отсто од капацитетите Read More »

Прва жртва од пожар во Албанија, наредена е евакуација на три села во Грамш


Ситуацијата со пожарите во Албанија се влошува, а денеска регистрирана е прва жртва од пожарите, соопшти полицијата од Елбасан, додавајќи дека станува збор за 80-годишен маж кој го загубил животот во пожарот во село кај Грамш, што сам го предизвикал. „Денеска околу 11 часот, лице на возраст од околу 80 години предизвикало пожар во градината …

Прва жртва од пожар во Албанија, наредена е евакуација на три села во Грамш Read More »

Чет ГПТ му кажал на Американец дека солта може да ја замени со бром. Послушал и се отрул


Американско медицинско списание ги предупреди читателите да не го користат Чет ГПТ (ChatGPT) за здравствени информации откако еден човек развил ретка состојба по комуникацијата со чатбот за елиминирање на кујнската сол од неговата исхрана, објавува Гардијан. Во статијата во списанието „Анали на интерна медицина“ се известува за случај во кој 60-годишен маж развил бромизам, познат …

Чет ГПТ му кажал на Американец дека солта може да ја замени со бром. Послушал и се отрул Read More »

МФ: Од денеска исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објавуваат во посебна база за буџетски трошоци во изборен период


Министерството за финансии согласно одредбите од Изборниот законик од денеска на својата веб-страница ќе ги објавува буџетските исплати во посебна база за буџетски трошоци во изборен период. Имено, согласно Изборниот законик Министерството за финансии од денот на донесување на Одлуката за распишување на изборите до нивното завршување има обврска во посебна база да ги објавува …

МФ: Од денеска исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објавуваат во посебна база за буџетски трошоци во изборен период Read More »