Концерт „Музика за 30 прсти“ на „Есенски музички свечености“


Во рамки на фестивалот „Есенски музички свечености“ вечер од 19 часот во фоајето на Национална опера и балет концерт ќе имаат пијанистките Сара Пројковска, Марија Вршкова и Елена Атанасовска-Ивановска. На програмата на концертот, насловен „Музика за 30 прсти“, се дела од Черни, Крас, Де Фаља, Рахманинов и Бајнов, соопшти Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. Влезот е …

Концерт „Музика за 30 прсти“ на „Есенски музички свечености“ Read More »

Глобална недела на претприeмништво


Република Северна Македонија ќе биде дел од Глобалната недела на претприемништво што се одржува од 16 до 22 ноември. Станува збор за еднонеделна иницијатива која се случува истовремено во 170 земји ширум светот и поврзува над 10 000 партнери во активности насочени кон промоција на претприемништво, зајакнување на партнерства и основање на нови релации за …

Глобална недела на претприeмништво Read More »

Софија решена да блокира, Скопје ќе настојува за решение до последен момент


Бугарија останува на тврдите позиции за македонската евроинтеграција и не дозволува да биде усвоена преговарачката рамка што треба да го отвори патот за одржување на првата меѓувладина конференција и старт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Извесно е дека Софија во вторник на состанокот на Советот на ЕУ ќе ја блокира одлуката …

Софија решена да блокира, Скопје ќе настојува за решение до последен момент Read More »

Студија: Пиењето и пушењето кај младите опаѓа, но расте ризикот од други зависности


Пиењето и пушењето кај тинејџерите на возраст од 15-16 години опаѓа, но ризикот од употреба на канабис и новите видови на зависност се причина за загриженост. Дваесет и седум отсто од македонските ученици се имаат обложувано за пари во последната година, додека 19 проценти минуваат повеќе од шест часа на социјални медиуми за време на …

Студија: Пиењето и пушењето кај младите опаѓа, но расте ризикот од други зависности Read More »

Се зголемува бројот на заболени од КОВИД- 19 на болничко лекување, ангажирани се сите лекари


Бројот на дијагностицирани на КОВИД-19 од почетокот на епидемијата во земјава надмина 47 илјади лица (47.050) со најновите 990 потврдени во вчерашната статистика за поминати 24 часа. До сега починаа 1.305 луѓе кои биле позитивни на корона вирус. Во вчерашниот извештај Министетството за здравство соопшти дека битката со опасниот вирус во претходното деноноќие ја загубиле …

Се зголемува бројот на заболени од КОВИД- 19 на болничко лекување, ангажирани се сите лекари Read More »

По студеното утро, сончево со температура до 19 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје претпладне магливо, попладне маглата ќе ослабе и ќе биде претежно сончево. …

По студеното утро, сончево со температура до 19 степени Read More »

Славески е против продажба на земјоделското земјиште


Универзитескиот професор Трајко Славески, кој е и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансии, смета дека Владата треба да ја преиспита намерата за продажба на земјоделското земјиште. Според него, тоа може да го загрози снабдувањето со храна во иднина. „Идејата за продажба на земјоделско земјиште не е нова, но мислам дека треба …

Славески е против продажба на земјоделското земјиште Read More »

Буџетскиот дефицит во 2025 ќе се сведе на 2,1 отсто од БДП, најавува министерот Бесими


Од следната година буџетскиот дефицит ќе се намалува, за до 2025 година да се сведе на 2,1 проценти или под Мастришкиот критериум. Предвидена е консолидација на буџетскиот дефицит, но приоритет е да се реализираат политиките на владата за заштита на здравјето на граѓаните и на заштита на економијата, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на …

Буџетскиот дефицит во 2025 ќе се сведе на 2,1 отсто од БДП, најавува министерот Бесими Read More »

Од продажба на земјоделско земјиште Заев очекува 200 до 300 милиони евра. Попова Шапка може да оди во „пакет“ со Брезовица


Во дебатата на МТВ премиерот нагласи дека веќе има заинтересирани за Пошта – од Австрија, Словенија, Романија, Чешка… Државата очекува 200 до 300 милиони евра од продажба на државното земјоделско земјиште во наредните три години, 20 до 40 милиони евра од регистрирање на автомобилите со странски таблички, но и значајни приходи од приватизација или јавно-приватно …

Од продажба на земјоделско земјиште Заев очекува 200 до 300 милиони евра. Попова Шапка може да оди во „пакет“ со Брезовица Read More »

Неизвесна трка за Сенатот – дали демократите ќе ја освојат Џорџија?


Единаесет дена по оддржаните избори во САД, се уште не се познати имињата на носителите на 12 конгресни мандати, членови во Претставничкиот дом. Контролата на Долниот дом на Конгресот ја имаат демократите, додека за Сенатот ќе се одлучува во вториот круг гласање во Џорџија закажан во јануари 2021 година. Броењето на гласовите за изборите во …

Неизвесна трка за Сенатот – дали демократите ќе ја освојат Џорџија? Read More »

Македонските фудбалери подобри од естонската селекција


Во натпревар од 5. коло Ц-сегмент втора група во Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација ја совлада селекцијата на Естонија со 2:1. На средбата одиграна попладнево на „Тодор Проески“ во Скопје, головите за домаќините ги постигнаа Иван Тричковски во 29. и Влатко Стојановски во 68. минута. За Естонците погоди Рауно Сапинен во 52. минута. Селекторот …

Македонските фудбалери подобри од естонската селекција Read More »

Од КОВИД-19 до сега починаа најмалку 1,3 милиони лица, бројот на заразени надмина 54 милиони


Корона вирусот однесе животи на најмалку 1.313.471 лице ширум светот од почетокот на пандемијата во Кина во декември 2019 година, според податоци на националните влади и Светската здравствена организација. Потврдени се најмалку 54.001.750 случаи. Од нив, најмалку 34.599.700 се опоравени. Тие податоци веројатно одразуваат дел од сите случаи, бидејќи има многу непотврдени. Многу земји тестираат …

Од КОВИД-19 до сега починаа најмалку 1,3 милиони лица, бројот на заразени надмина 54 милиони Read More »

Србија го ограничи работното време на кафеаните, клубовите, продавниците…


Српската влада денеска донесе одлука да го ограничи работното време на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови, ресторани, како и трговските центри, продавниците, од 21 часот до пет часот наутро, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ. Од тие мерки се изземени аптеките, доставувањето храна, бензиските станици и претпријатијата кои работат „трета смена“. Мерките стапуваат во сила од …

Србија го ограничи работното време на кафеаните, клубовите, продавниците… Read More »

Хамилтон ја одбрани шампионската титула


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е старо-нов шампион во Формула 1. Британецот попладнево победи на трката за Големата награда на Турција и официјално по седми пат стана планетарен шампион. Тој доминира во Ф1 од 2017 и е во серија од четири трофеи, а претходно победуваше и во 2008, 2014 и 2015. Седум титули во кариерата …

Хамилтон ја одбрани шампионската титула Read More »

Почна аплицирањето за студентски стипендии и средства за поврат на купен музички инструмент за академската 2020/2021 година


Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирањето за стекнување на правото на студентска стипендија во академската 2020/2021 година. Конкурсите  за студенти запишани на додипломски студии на јавните и приватните високообразовни установи и посебен конкурс за студенти Роми, се објавени на интернет страницата на МОН, а крајниот рок за поднесување на документите е …

Почна аплицирањето за студентски стипендии и средства за поврат на купен музички инструмент за академската 2020/2021 година Read More »

Германија: Мерките против Ковид-19 можеби треба да траат цела зима


Еден ден пред состанокот на претставници на федералната влада и федералните покраини, водечките политичари во Германија ги намалуваат очекувањата во врска со брзо попуштање на мерките за затворање во борбата против ширењето на пандемијата. „И покрај сите напори, се уште не сме достигнале пресврт точка. Бројот на новозаболени е се уште многу голем”, изјави министерот …

Германија: Мерките против Ковид-19 можеби треба да траат цела зима Read More »

Глобалната недела на претприемништво со успешни приказни на стартап екосистемот


Промоција на претприемништвото, зајакнување на партнерствата и остварување нови бизнис релации е главната цел во рамки на Глобалната недела на претприемништво  (ГНП). Оваа еднонеделна иницијатива се случува истовремено во 170 земји ширум светот и поврзува над 10.000 партнери во активности насочени кон подобрување на условите за развој на претприемништвото, а домаќин на настанот е асоцијацијата …

Глобалната недела на претприемништво со успешни приказни на стартап екосистемот Read More »

Профитабилноста на банкарскиот сектор во регионот може да падне за 30-50 отсто


Профитабилноста на банкарскиот сектор во Централна и Источна Европа може да биде пониска за 30-50 проценти во 2020 и 2021 година во споредба со сценариото без пандемијата од КОВИД-19, покажува прогнозата на Рајфајзен Рисрч под наслов „Банкарските сектори во ЦИЕ: Во исто време во режим на криза и закрепнување“. Се наведува дека падот на профитабилноста …

Профитабилноста на банкарскиот сектор во регионот може да падне за 30-50 отсто Read More »

Студија: Што и да правиме, Земјата ќе продолжи да се загрева со векови


Дури и ако човештвото утре престане да испушта стакленички гасови, Земјата ќе продолжи да се загрева со векови и нивото на океаните ќе се зголемува, покажува контроверзното истражување на норвешките научници кои работеле според два модели. Природните двигатели на глобалното затоплување, како топењето на мразот и намалувањето на морскиот мраз, што се процеси предизвикани од …

Студија: Што и да правиме, Земјата ќе продолжи да се загрева со векови Read More »

Рамос промаши два пенала во ремито на Шпанија со Швајцарија


Капитенот на Шпанија, Серхио Рамос промаши два пенала синоќа во Базел на мечот од Лигата на нации со Швајцарија (1:1). Фудбалерот на Реал изведе удари од 11 метри во 57. и 80. минута. И во двата наврата неговите удари ги одби швајцарскиот голман Јан Сомер. Ремо Фрејлер погоди за домаќините, додека Родриго Морено за гостите. …

Рамос промаши два пенала во ремито на Шпанија со Швајцарија Read More »