Рамос промаши два пенала во ремито на Шпанија со Швајцарија


Капитенот на Шпанија, Серхио Рамос промаши два пенала синоќа во Базел на мечот од Лигата на нации со Швајцарија (1:1).

Фудбалерот на Реал изведе удари од 11 метри во 57. и 80. минута. И во двата наврата неговите удари ги одби швајцарскиот голман Јан Сомер.

Ремо Фрејлер погоди за домаќините, додека Родриго Морено за гостите.

Шпанија со осум бода е втора во четвртата група. Швајцарија има три бода и е на последно место.