Почна дистрибуцијата на вакцината на „Модерна“ во САД


Компанијата Модерна и нејзините партнери започнаа да ја дистрибуираат својата вакцина против Ковид-19, а камионите се очекува денеска да се упатат на повеќе од 3.700 локации во САД, изјави денеска американскиот генерал Густав Перна. Втората вакцина против Ковид-19, која беше одобрена од американските регулатори, треба да стигне најрано утре во здравствените установи, посочи Перна, кој …

Почна дистрибуцијата на вакцината на „Модерна“ во САД Read More »

Сообраќајот се одвива непречено, магла на патот Тетово – Гајре, Кичево – Пресека и на планинските премини Ѓавато и Буково


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Од АМСМ информираат дека намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Тетово – Гајре, Кичево – Пресека, како и на планинските премини Ѓавато и Буково, додека на на патниот правец Дебар – Струга видливоста е до 100 метри. …

Сообраќајот се одвива непречено, магла на патот Тетово – Гајре, Кичево – Пресека и на планинските премини Ѓавато и Буково Read More »

„Click away“ новиот начин на шопинг за време на карантинот во Грција


Услугата да нарачаат преку интернет или телефонски, а нарачката самите да ја подигнат од продавниците, веќе една седмица им е на располагање на Грците, како една од опциите за шопинг во време кога земјата е во карантин и продавниците се затворени. Поради зголемениот обем на работа на компаниите за достава, кои не можат да постигнат …

„Click away“ новиот начин на шопинг за време на карантинот во Грција Read More »

Градок – неоткриена цивилизациска тајна на Мариово


По патот за Мариово, од Прилеп, токму пред Расимбегов мост на Црна Река, треба да скршнете лево. Да се пешачи за да се стигне до Градок, еден од најбитните локалитети во Мариово. И антички и за средновековието, а најмногу за зачетоците на христијанството. Ве пречекува фасцинантен поглед. Ѕидини од базилики од византиската антика прераснале во …

Градок – неоткриена цивилизациска тајна на Мариово Read More »

Намален бројот на хоспитализирани пациенти, Филипче очекува новите мерки да дадат уште подобри резултати


Бројот на пациенти кои се примаат во болниците се намалува, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче, кој очекува дека новите рестриктивни мерки што ќе важат до 20 јануари ќе дадат уште подобри резултати, но и дека граѓаните со својата свест и совест треба сериозно да им помогнат на здравствените работници. На инфективните одделенија и …

Намален бројот на хоспитализирани пациенти, Филипче очекува новите мерки да дадат уште подобри резултати Read More »

Облачно со услови за слаб дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно и тивко, по одделни котлини со појава на магла. Кон крајот на денот во јужните делови ќе има услови за слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. Во Скопје облачно со појава на слаба магла. …

Облачно со услови за слаб дожд Read More »

Пратениците треба да гласаат за Предлог-буџетот за 2021 година


Собранието на Република Северна Македонија денеска по пет дена расправа треба да гласа по Дополнетиот предлог буџет за 2021 година. Власта и опозицијата во текот на досегашната расправа, искажаа спротивставени ставови за Предлог-буџетот за следната година. За власта, Буџетот обезбедува одржливост, рационално трошење и е продолжение на одговорните политики спроведени во изминатиот период. Посочија дека …

Пратениците треба да гласаат за Предлог-буџетот за 2021 година Read More »

За Скопје не е јасно во што е проблемот, Софија ја дообјаснува позицијата


Сакаме да најдеме решение со Бугарија зашто сме пријатели, но не е јасно во што е проблемот, порача вчера премиерот Зоран Заев. Вели дека македонската страна нуди решенија за тргање на бугарската блокада и отворање на патот кон ЕУ и е согласна ако треба уште еднаш да се дефинираат работите содржани во Договорот за добрососедство. …

За Скопје не е јасно во што е проблемот, Софија ја дообјаснува позицијата Read More »

Во најлошата година до сега, туризмот загуби десет пати повеќе од 2009 и глобалната економска криза


Враќање на прометот од 2019 година се очекува за две до четири или повеќе години, посочуваат од Светската туристичка организација Со 72 проценти помалку меѓународни пристигнувања во првите десет месеци и глобална загуба од 935 милијарди долари приходи од извоз, ова е најлошата година во историјата за светскиот туризам, а нивото на приходи од 2019 …

Во најлошата година до сега, туризмот загуби десет пати повеќе од 2009 и глобалната економска криза Read More »

Само бод за Барселона против Валенсија, Меси го израмни рекордот на Пеле


Барселона вечерва ги подели бодовите со Валенсија, одигрувајќи 1:1 на домашен терен во 14. коло во Ла Лига, но резултатот остана во сенка на постигнувањето на капитенот на каталонскиот клуб Лионел Меси. Аргентинецот биеше прецизно во судиското продолжение од првото полувреме и се израмни со бројот на постигнати голови во клупската кариера со легендарниот напаѓач …

Само бод за Барселона против Валенсија, Меси го израмни рекордот на Пеле Read More »

Највисока гостинска победа на Ливерпул во последните 134 години


Актуелниот англиски првак Ливерпул попладнево ја забележа својата највисока победа на гостински терен уште од 1896 година, совладувајќи го Кристал Палас во Лондон со 7:0 во воведниот натпревар од 14. коло во Премиерлигата. Минамино, Мане, Хендерсон и по два пати Фирмино и Салах беа стрелци за историската победа со која Ливерпул се зацврсти на чело …

Највисока гостинска победа на Ливерпул во последните 134 години Read More »

Во текот на празниците во САД ќе патуваат 85 милиони лица


Американското Авто-мото здружението (ААА) предвидува дека за божиќните и новогодишните празници во земјата ќе патуваат околу 85 милиони лица и покрај барањата на здравствените работници тоа да не го прават, бидејќи можат да предизвикаат нов бран на коронавирусот. Според проекциите на ААА, Американците најмногу ќе патуваат меѓу 23 декември и 3 јануари, претежно со автомобили, …

Во текот на празниците во САД ќе патуваат 85 милиони лица Read More »

Арсовска со нов мандат во Глобалниот комитет на жени лидери


Глобалниот комитет на жени лидери ги објави новите членови на бордот. За претседател е избрана Колинда Грабар-Китарович, поранешен претседател на Хрватска, додека Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела – име кое претставува одраз на лидерството во 21 век продолжува со нов мандат како член. Глобалниот комитет е составен од уште 11 светски познати членови и …

Арсовска со нов мандат во Глобалниот комитет на жени лидери Read More »

Семејна кавга околу наследството на Коби Брајант


Ванеса Брајант, вдовицата на легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант, жестоко ја критикуваше својата мајка, откако таа поведе судска постапка во обид да добие дел од семејното наследство, проценето на околу 600 милиони долари. Во тужбата што на 48 страници ја поднесе до судот во Лос Анџелес, шеесетиосумгодишната Софија Урбиета Лејн бара финансиски надомест за својот долгогодишен …

Семејна кавга околу наследството на Коби Брајант Read More »

Енергетски ваучери за повеќе категории ранливи лица предложи РКЕ


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги достави до Министерството за економија предлог за проширување на категориите на ранливи потрошувачи. Како што соопшти Комисијата, станува збор за иницијатива на РКЕ, која предлогот го подготви во соработка со Електродистрибуција, по препорака на Енергетската заедница со цел да се намали енергетската сиромаштија кај домаќинствата кои не се …

Енергетски ваучери за повеќе категории ранливи лица предложи РКЕ Read More »

Најмалку осуммина пациенти со Ковид-19 загинаа во пожар во болница на југот на Турција


Осум лица денеска загинаа во пожар што избувнал на Оддел за интензивна нега на кој се лекувале пациенти со Ковид-19 , во приватна болница на југот на Турција, јавија турските државни медиуми. Агенцијата Анадолија информира дека пожарот избувнал кога експлодирала боца со кислород во Одделот за интензивна нега во приватната универзитетска болница „Санко“ во Газиантеп. …

Најмалку осуммина пациенти со Ковид-19 загинаа во пожар во болница на југот на Турција Read More »

Заев во „Свислион“: Успесите на компаниите се сатисфакција за владините мерки


Брендирањето на производите кои Ресен и Преспа ги нудат, афирмацијата на нашиот но и на странските пазари, придонесува понатаму и кон развој на овој регион, нивна препознатливост во светот, истакна вчера премиерот Зоран Заев при посетата на  фабриката „Свислион“ во Ресен. „За мене е особено драго кога сум во посета на успешни економски приказни, како …

Заев во „Свислион“: Успесите на компаниите се сатисфакција за владините мерки Read More »

Во САД речиси 250.000 новозаразени во еден ден, најмногу досега


Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, во САД во последните 24 часа се регистрирани 249.709 нови случаи на коронавирус, што е најголем број на инфицирани во текот на еден ден од почетокот на пандемијата. Во оваа најзасегната земја од коронавирусот само во последното деноноќие умреле 2.814 лица, пренесе Си-Ен-Ен. Според Универзитетот Џон Хопкинс, досега во …

Во САД речиси 250.000 новозаразени во еден ден, најмногу досега Read More »

Од надеж до агонија: Што остана од „Арапската пролет?


Пред десет години, протестите се ширеа како пожар низ арапскиот свет, предизвикувајќи низа настани што прво предизвикаа и изгаснаа многу надежи и неповратно го сменија регионот. Од брзиот пад на навидум недопирливите режими до подемот и падот на џихадистичкиот калифат, Блискиот исток влезе хаотично во втората декада на 21 век. Бранот немири што го погодија …

Од надеж до агонија: Што остана од „Арапската пролет? Read More »

Вучиќ: Србија е воено неутрална земја, нема да влезе во НАТО


Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека Србија нема да влезе во НАТО бидејќи е воено неутрална земја. -Мислам дека ова е најдобра позиција, самите да ја штитиме нашата земја, нашето небо и нашиот народ и да продолжиме да се однесуваме така, рече Вучиќ синоќа во гостувањето на ТВ Прва. И професорот на ФПН, Иво …

Вучиќ: Србија е воено неутрална земја, нема да влезе во НАТО Read More »