Започна пријавувањето за поддршка од 43.500 денари по вработен за центрите за странски јазици и едукативните центри


Во рамките на четвриот пакет економски мерки, денес се објавени јавните повици за издавање на грантови за центри за странски јазици и за едукативни центри за деца, на кој може да се пријават сите регистрирани субјекти кои работат во оваа дејност, соопшти Владата. Согласно јавниот повик регистрираните центри за странски јазици и едукативните центри за …

Започна пријавувањето за поддршка од 43.500 денари по вработен за центрите за странски јазици и едукативните центри Read More »

Tутунарите и натаму незадоволни од откупните цени


Откупот на тутунот продолжува, но според производителите, проблемите не се надминати. И натаму проценката на родот не е реална. – По потпишаниот Договор од петокот, денеска очекувавме дека ќе се подобрат работите. Се случи неочекуваното, и горе-долу останаа истите проблеми на теренот. Некој е задоволен, но мнозинството се незадоволни. Затоа, ги замолуваме и ги охрабруваме …

Tутунарите и натаму незадоволни од откупните цени Read More »

На „Табановце“ до 15 часот влегле над 2.200 граѓани


Од полноќ до 15 часот на Граничниот премин Табановце, влегле вкупно 2.235 граѓани, од кои 1.551 домашни и 684 странски државјани, информираше денеска МВР. Во овој период, пак, излегле 373 лица од кои 212 домашни и 161 странски државјанин. Вкупно на ГП Табаноце поминале 2.608 лица, од нив 1.763 домашни и 845 странски државјани. Од денеска за …

На „Табановце“ до 15 часот влегле над 2.200 граѓани Read More »

Во ноември продолжи растот на годишна основа на депозитите и на кредитите


Вкупниот раст на депозитите во ноември на годишна основа изнесува 6,3 отсто, при раст на депозитите на секторот „домаќинства“ и на корпоративниот сектор (вкупен раст од 24 милијарди денари, од кои 10 милијарди денари раст кај корпоративниот сектор и 14 милијарди денари раст кај секторот „домаќинства“). Вкупните кредити бележат годишен раст од 5,4 проценти што …

Во ноември продолжи растот на годишна основа на депозитите и на кредитите Read More »

Реформите во образованието да се спроведат транспарентно и стручно, порачува МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите денеска излезе со ставови во врска со најавените реформи во образованието, во кои вели дека се залага за нивно транспарентно, стручно и целисходно водење. Притоа, во соопштение од Претседателството на МАНУ се потенцира дека реформите треба да обезбедат: систематско и посебно изучување на македонскиот јазик и македонската историја, укажувајќи …

Реформите во образованието да се спроведат транспарентно и стручно, порачува МАНУ Read More »

Дел од марихуаната од Валандовско завршила во Арачиново, еден дел е во Косово


Оставам на истрагата, гледате дека МВР ефикасно постапува. Еден дел од тоа што беше Валандовско-гевгелискиот регион веќе е откриено во областа на Арачиново, еден дел е во Косово, се работи со службите да се открие до крај и да бидат извадени пред лицето на правдата сите одговорни, изјави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев. Во …

Дел од марихуаната од Валандовско завршила во Арачиново, еден дел е во Косово Read More »

Сенатот на САД изгласа привремена мерка за да спречи затворање на владата 


Претставничкиот дом и Сенатот на американскиот Конгрес, синоќа изгласаа привремена мерка со која се продолжи финансирањето на сојузната влада за еден ден, за да избегнат нејзино затворање.  Ова беше изнудено поради презафатеноста на законодавците неделава со работа околу донесување на вториот пакет економска помош од 900 милијарди долари за милиони Американци, поради пандемијата на Ковид-19 …

Сенатот на САД изгласа привремена мерка за да спречи затворање на владата  Read More »

Дојче Пост ги прекинува испораките на пакети во Велика Британија и Ирска


Дојче Пост ДХЛ денеска соопшти дека ја прекинува испораката на пратки во Велика Британија поради ограничувања во сообраќајот воведени од многу земји за да се спречи ширењето на новиот, наводно, уште позаразен вид на коронавирус. Неколку земји, меѓу кои и Германија, забранија летови и други форми на сообраќај од Велика Британија откако владата во Лондон објави дека …

Дојче Пост ги прекинува испораките на пакети во Велика Британија и Ирска Read More »

Вакцината на „Фајзер“ – „БиоНТех“ доби виза и од Агенцијата за лекови на ЕУ


Европското регулаторно тело ЕМА денеска препорача вакцина против Ковид-19 од фармацевтските компании Фајзер и Бионтех. ЕМА препорача Европската комисија сега да додели условно одобрение за ставање во промет на вакцината, што треба да се случи за два дена.

Судскиот совет ги усвои методологиите за оценување на работата на судиите и на претседателите на судовите


Судскиот совет на Република Северна Македонија ги усвои Методологија за оценување на работата на судија врз основа на исполнетост на квалитативните критериуми за судиското работење и Образец за оценување и бодување  на исполнетост на квалитативните критериуми за работата на судијата, како и Методологијата за квалитативно оценување на претседателите на судовите и Образецот за квалитативно оценување …

Судскиот совет ги усвои методологиите за оценување на работата на судиите и на претседателите на судовите Read More »

Бесими: Донесен првиот среднорочен буџет, удвојување на растот и намален дефицит на среден рок


Економијата се проектира да расте со стапки од 4 – 5 отсто од БДП во следните пет години или двојно повисоки во однос на изминатиот период, додека буџетскиот дефицит или јазот помеѓу приходите и расходите ќе се намалува до 2 проценти од БДП во 2025 година, односно ќе биде под Мастришкиот критериум. Ова, како што …

Бесими: Донесен првиот среднорочен буџет, удвојување на растот и намален дефицит на среден рок Read More »

ЕУ одобри спојување на „Фијат Крајслер“ и ПСА


Европската комисија денеска условно одобри спојување на италијанско-американскиот автомобилски гигант „Фијат Крајслер“ во вредност од 38 милијарди американски долари и француската ПСА, матичната компанија на „Пежо“, „Ситроен“ и „Опел“. „Можеме да го одобриме спојувањето на ‘Фијат Крајслер’ и ‘Пежо СА’, бидејќи нивните обврски ќе го олеснат пристапот на пазарот на малите комерцијални комбиња и нивното …

ЕУ одобри спојување на „Фијат Крајслер“ и ПСА Read More »

Вакцините против КОВИД-19 добија благослов од Ватикан


Ватикан денеска им порача на римокатоличките верници дека е морално прифатливо да се користат вакцини против КОВИД-19, дури и ако во нивното истражување и производство се користени клеточни линии извлечени од ткивата на абортирани фетуси. Ова се вели во белешка од Конгрегацијата за доктрина на верата, одобрена од папата Франциск, со која се дава зелено светло за време на …

Вакцините против КОВИД-19 добија благослов од Ватикан Read More »

Модифицираниот „Боинг 737 Макс“ ќе добие дозвола и од европските регулатори


Авионот „Боинг 737 Mакс“, приземјен и модифициран по двете катастрофални авионски несреќи, сега е безбеден, изјави шефот на Европската агенција за безбедност на воздухопловството, Патрик Кју, најавувајќи промени во идните проценки за безбедноста на авионите. ЕАСА детално го разгледа изменетиот модел на авионот и ги анализираше промените направени од производителот, истакна Кју во интервју за …

Модифицираниот „Боинг 737 Макс“ ќе добие дозвола и од европските регулатори Read More »

По падот на тоталитарниот режим Албанија ја напуштиле околу 1,7 милиони граѓани


Државниот Институт за статистика на Албанија потврдува дека вкупниот број албански граѓани кои живеат во странство изнесува околу 1,7 милиони. Само минатата година земјата ја напуштиле 47.000 со што албанската дијаспора се зголемила за 2,6 отсто само за една година -Демографите очекуваа имиграција да се стабилизира по првите две децении на транзиција, но случувањата тргнаа …

По падот на тоталитарниот режим Албанија ја напуштиле околу 1,7 милиони граѓани Read More »

Од Ковид-19 починаа 22 лица, најмладиот на 43 години, оздравеа 1.122, а регистрирани се и 129 нови случаи


Во последните 24 часа се направени 591 тестирање, а регистрирани се 129 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-7, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-2, Гевгелија-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пехчево-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кичево-3, Неготино-1. Починати се 22 пациенти од кои тројца од Скопје (44, 61 и 67г.), еден од Куманово …

Од Ковид-19 починаа 22 лица, најмладиот на 43 години, оздравеа 1.122, а регистрирани се и 129 нови случаи Read More »

Поддршката од 6.000 денари може да се користи било кога и без ограничувања, потсетуваат од Владата


Владата потсетува дека граѓаните, кои ќе добијат 6.000 денари еднократна поддршка, може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања. Станува збор, како што наведуваат во соопштение, за околу 300.000 граѓани кои средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка. – Тоа се пари наменети за граѓаните на кои им е потребна поддршка …

Поддршката од 6.000 денари може да се користи било кога и без ограничувања, потсетуваат од Владата Read More »

Десет градови наскоро ќе имаат секундарна гасоводна мрежа, најави Заев


Следната година ќе започне изградбата на секундарната гасоводна мрежа во 10 македонски градови со што цевките за гас ќе стигнат до домаќинствата. Штип и Крива Паланка се веќе подготвени, тие се првите македонски градови после Струмица и Куманово, со комплетирана проектна документација за секундарната мрежа, а во фаза на изработка е и документацијата за Прилеп, …

Десет градови наскоро ќе имаат секундарна гасоводна мрежа, најави Заев Read More »

Мицотакис ќе се вакцинира штом вакцината ќе стигне во Грција, веројатно на 27 декември


Лично јас, како што се обврзав, ќе се вакцинирам на првиот ден кога вакцината ќе биде достапна во Грција, ако сè биде во ред, на 27 декември, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис рече дека вакцината е „најголемиот извор …

Мицотакис ќе се вакцинира штом вакцината ќе стигне во Грција, веројатно на 27 декември Read More »

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и Косово на 25 јануари


Владите на Република Северна Македонија и Република Косово се договориле заедничката седница, за која претходно беше постигнат договор, да ја одржат на 25 јануари во Скопје, објави денеска косовската Влада. Како што јави  дописникот на МИА од Приштина, на денешната владина седница косовската вицепремиерка Албулена Баљај-Халими ги информира останатите членови на кабинетот на премиерот Авдулах …

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и Косово на 25 јануари Read More »