Во ноември продолжи растот на годишна основа на депозитите и на кредитите


Вкупниот раст на депозитите во ноември на годишна основа изнесува 6,3 отсто, при раст на депозитите на секторот „домаќинства“ и на корпоративниот сектор (вкупен раст од 24 милијарди денари, од кои 10 милијарди денари раст кај корпоративниот сектор и 14 милијарди денари раст кај секторот „домаќинства“). Вкупните кредити бележат годишен раст од 5,4 проценти што се должи на кредитирањето на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“ (вкупен раст од 18 милијарди денари, од кои четири милијарди денари раст кај корпоративниот сектор и 14 милијарди денари раст кај секторот „домаќинства“).

Како што соопшти Народната банка, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити како најзастапени категории забележаа раст од 0,1 и 1,1 отсто на месечно ниво и од 7,7 и 13,6 на годишно ниво. Автомобилските кредити бележат месечен раст од 2,1 процент, додека на годишна основа се намалени за 7 проценти. Во ноември пад по двете основи е забележан кај кредитите одобрени на кредитни картички за 1,7 отсто и 4,8 отсто. Во ноември кај негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи е остварено месечно намалување од 0,5 отсто и 0,7 отсто, како и годишен пад од 8,5 проценти и 6,6 отсто.

Паричната маса во ноември 2020 година, оствари месечно зголемување од 0,8 отсто, најмногу како резултат на растот на депозитните пари и краткорочните депозити, при позитивен,но помал придонес и на долгорочните депозити до две години, а во услови на пад на готовите пари во оптек. Годишниот раст на паричната маса изнесува 8,6 проценти и главно произлегува од зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити и готовите пари во оптек, припад надолгорочните депозити до две години.

-Во ноември, вкупните депозити се зголемија за еден отсто на месечна основа, главно како резултат на повисоките депозити на корпоративниот сектор, при зголемување, но поумерено и на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, депозитниот раст изнесува 6,3 проценти и се должи на растот на депозитите кај двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“. Вкупните кредити забележаа месечен пад од 0,2 отсто, што во услови на раст на кредитите на домаќинствата, во целост произлегува од намаленото кредитирање на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна основа, кредитниот раст изнесува 5,4 отсто и е резултат на повисокото кредитирање кај двата сектора,  што е поизразено кај секторот „домаќинства“, наведува Централната банка.

Според монетарните движења, вкупните депозити на корпоративниот сектор бележат раст на месечна основа од 3,6 отсто. Променатаво најголем дел се должи на зголемувањетона депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при помал, нопозитивен придонес и на долгорочните депозити во странска валута и краткорочните депозити воденари. Годишната стапка нараст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 10,2 процента, главно поради зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари. Кредитите на корпоративниот сектор остварија месечно намалување од 0,7 отсто целосно заради падот на кредитирањето во денари, при мал раст на кредитите одобрени во странска валута. Споредено на годишна основа, кредитирањето на корпоративниот секторбележи раст од 2,5 проценти што произлегува од растот на кредитите одобрени во странска валута, во услови кога кредитите во денари бележат намалување.

-Овој месец, вкупните депозити на домаќинствата остварија месечен раст од 0,4 отсто. Растот во најголем дел се должи на зголемените депозитни пари, прираст и кај останатите компоненти, со исклучок на долгорочните депозити во денари коишто забележаа пад. На годишна основа,депозитите на домаќинствата се зголемени за 5,4 отсто, што главно се објаснува со повисоките депозитни пари и краткорочните депозити во странска валута, при забележан пад кај останатите компоненти. Во ноември, вкупните кредити на домаќинствата забележаа месечен и годишен растод 0,2 и 8,3 отсто, соодветно. Притоа, на месечна основа, кредитирањето на домаќинствата во странска валута е поголемо од кредитирањето во домашна валута, додека на годишно ниво придонесот на кредитирањето во денари е поголем во однос на кредитирањето во странска валута, наведува Банката.