Вакцината на „Фајзер“ – „БиоНТех“ доби виза и од Агенцијата за лекови на ЕУ

Европското регулаторно тело ЕМА денеска препорача вакцина против Ковид-19 од фармацевтските компании Фајзер и Бионтех.

ЕМА препорача Европската комисија сега да додели условно одобрение за ставање во промет на вакцината, што треба да се случи за два дена.