Израелскиот премиер Бенет е во изолација поради Ковид во неговото семејство


Израелскиот премиер Нафтали Бенет негативно е тестиран на коронавирус, откако претходно беше изолиран поради тоа што неговата ќерка е заразена со вирусот. Бенет вчера го напушти неделниот состанок на владата откако дозна за позитивниот тест на неговата 14-годишна ќерка. Неговиот кабинет соопшти дека премиерот ќе остане во изолација како мерка на претпазливост. Новата варијанта на коронавирусот Омикрон …

Израелскиот премиер Бенет е во изолација поради Ковид во неговото семејство Read More »

Шекеринска и Брнз ќе потпишат договор помеѓу Северна Македонија и САД во врска со т.н Лејхи закони


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз денес ќе потпишат договор меѓу Северна Македонија и САД со кој се поддржува почитувањето на човековите права при дејствување на безбедносни сили. Договорот произлегува од т.н Лејхи закони кои предвидуваат забрана за американскиот Стејт Департмент и Министерството за одбрана на САД …

Шекеринска и Брнз ќе потпишат договор помеѓу Северна Македонија и САД во врска со т.н Лејхи закони Read More »

Столтенберг предложи на 12 јануари да се одржи состанок на Советот НАТО-Русија


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг одлучи да го свика Советот НАТО-Русија на 12 јануари и е во „контакт“ со Москва за да го организира состанокот, изјави претставник на Алијансата во Брисел. Столтенберг во изминатите месеци повеќепати ѝ понуди на Москва да го продолжи дијалогот во рамките на Советот НАТО-Русија, кој беше формиран во 2002 година како платформа за …

Столтенберг предложи на 12 јануари да се одржи состанок на Советот НАТО-Русија Read More »

Фаучи: Преносливоста на Омикрон ќе го преоптовари здравствениот систем


Омикрон може да предизвика помала стапка на заболување од другите видови коронавирус, но бранот на болеста што го придружува ширењето на новиот вид сè уште се заканува да ги оптовари болниците во САД, изјави Ентони Фаучи, главен лекар за заразни болести во САД. Во интервју за телевизијата Еј-Би-Си, тој ги наведе британските истражувања, според кои варијантата Омикрон се карактеризира …

Фаучи: Преносливоста на Омикрон ќе го преоптовари здравствениот систем Read More »

Бројот на активни КОВИД-случаи втор ден под 5.000


Втор ден бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава е под 5.000. Според вчерашната ковид-статистика, од направени 3.929 тестирања, регистрирани се 280 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, а оздравени се 156 пациенти, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје за последните 24 часа. Регистрирани се и 10 починати …

Бројот на активни КОВИД-случаи втор ден под 5.000 Read More »

Претседателот Пендаровски неделава треба да го довери мандатот за формирање нова Влада


Откако во четвртокот Собранието ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, започна да тече рокот од десет дена во кој претседателот Стево Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова Влада. Шефот на државата во телевизиско интервју истиот ден изјави дека очекува мандатот на мандатарот да му го додели во вторник или среда. –  …

Претседателот Пендаровски неделава треба да го довери мандатот за формирање нова Влада Read More »

Дванаесетто издание на Малиот новогодишен саем на книги на Темплум


Книгоиздателство Темплум по 12-ти пат го организира Малиот новогодишен саем на книги, кој  ќе се одржи од денеска до 30 декември во книжарницата „Гладно срце“. Во рамки на книжевната програма на настанот ќе се одржи и традиционалното доделување на наградите „Новите!“ за дебитантски прозен ракопис и „Лифт“ за македонски стрип. Новогодишното саемче ќе биде отворено …

Дванаесетто издание на Малиот новогодишен саем на книги на Темплум Read More »

Собранието ќе ја одржи 59-тата седница


Собранието денеска ќе ја одржи 59-тата седница на чиј дневен ред, меѓу останатите, е и Предлог-законот за развој, производство и промет на воени стоки, во второ читање. Во рамките на седницата ќе бидат разгледаат и предлог законите за изменување на Законот за надворешни работи, по скратена постапка, поднесен од претениците Арбер Адеми, Јован Митрески, Арта …

Собранието ќе ја одржи 59-тата седница Read More »

Облачно со повремен слаб дожд и со слаб јужен ветер


Времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 8 до 13 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен слаб дожд и со слаб јужен ветер. …

Облачно со повремен слаб дожд и со слаб јужен ветер Read More »

Проекција на „Големиот сон“ од Себастијан Гроблер во Кинотека


„Големиот сон“ на режисерот Себастијан Гроблер ќе биде прикажан денеска во Кинотеката на Северна Македонија во рамки на филмската вечер организирана од Гете-институт во Скопје. Ова е вториот од серијата германски филмови на тема „​солидарност“, што ќе биде прикажан во Кинотеката. Филмот го следи ангажманот на младиот учител Конрад Кох (Даниел Брул), кој бил ангажиран како професор по …

Проекција на „Големиот сон“ од Себастијан Гроблер во Кинотека Read More »

Што ќе значи за македонските банки збогувањето со ЛИБОР референтната камата


  Македонските банки, како и другите финансиски институции на крајот на годинава ќе мора да се збогуваат со ЛИБОР, референтната каматна стапка што со децении се користеше за одредување на цената на финансиските инструменти и од 1 јануари да преминат на нов начин на пресметување на меѓусебните должничко доверителски односи. До ваква драстична промена во …

Што ќе значи за македонските банки збогувањето со ЛИБОР референтната камата Read More »

Нов Јужен Велс потврди прв смртен случај од Омикрон


Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска пријави повеќе од  6.000 новозаразени со Ковид-19 и го потврди првиот смртен случај од новиот сој на вирусот – Омикрон. Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, денеска пријави 6.324 нови инфекции, што е за 70 помалку од највисокиот број регистриран претходниот ден. Во болниците од Ковид се лекуваат …

Нов Јужен Велс потврди прв смртен случај од Омикрон Read More »

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“


Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец вечерва на свеченост во Скопје ја промовира спортската монографија и истоимениот документарен филм, „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“. Двете дела се посветени на незаборавните успеси на клубот Бучим-Јака од Радовиш кој во 1995 стигна до титулата европски првак, а една година подоцна стана светски шампион. На 25-годишнината од …

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“ Read More »

Пациент запалил цигара во болничка соба за кислородна поддршка, со навремена реакција спречена експлозија


Пациент сместен во соба за кислородна поддршка на Клиниката за пулмологија во Скопје вечерва ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара, при што дошло до пожар поради проток на кислород во собата и тој се здобил со помали изгореници на лицето и градите, информира Министерството за здравство. Во соопштението се посочува дека …

Пациент запалил цигара во болничка соба за кислородна поддршка, со навремена реакција спречена експлозија Read More »

Хрватска ќе им плаќа на младите 25.000 евра за да се вратат во земјата


 Хрватската влада треба да донесе нови демографски мерки наречени „Ја бирам Хрватска“, кои предвидуваат стимулација од 200.000 куни (околу 26.000 евра) за повратниците од ЕУ. Владата ќе им даде пари и на оние кои сакаат да го преселат својот бизнис од поразвиените урбани средини во помалку развиените делови на Хрватска. Според предлогот, тие ќе добијат …

Хрватска ќе им плаќа на младите 25.000 евра за да се вратат во земјата Read More »

„Лидл“ нуди 3,73 милиони евра за плац во Подгорица


Во понудата за продажба на имотот на некогашниот најголем производител на градежни машини во екс-Југославија, фабриката „Радоје Дакиќ“, се јавила и MMS Property Solutions, која понудила 3,73 милиони евра за 13,2 илјади метри квадратни, дознава Побједа. Земјиштето се наоѓа во познатиот Сити кварт во Погорица. Според ЦРПС, основач на оваа компанија, основана во март годинава, …

„Лидл“ нуди 3,73 милиони евра за плац во Подгорица Read More »

(Галерија) Дедомразовци од сите возрасти го зацрвенеа центарот на Скопје


Ценарот на Скопје денеска беше црвен од стотиците учесници на традиционалната Дедомразовска трка. По една година пауза поради ковид кризата, на плоштадот „Македонија” во Скопје денеска се одржа традиционалната Дедомразовска трка, во која учествуваа голем број граѓани од најразлични возрасти облечени во традиционалниот дедомразовски костум и ја истрачаа патеката од два километра. Победникот Миомир Алексовски …

(Галерија) Дедомразовци од сите возрасти го зацрвенеа центарот на Скопје Read More »

За Славески замрзнувањето на цените е популистичка мерка и нема да го заштити стандардот


Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател на Советот на Град Скопје смета дека замрзнувањето на цените е популистичка мерка и нема да го заштити стандардот. Тој во неделното интервју на Радио слободна Европа на македонски (РСЕ), изјави дека една од реперкусиите од таквата мерка може да биде зголемување на сивата …

За Славески замрзнувањето на цените е популистичка мерка и нема да го заштити стандардот Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира законски измени да се забрани увоз на тутун, додека не се откупи домашниот


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе иницираат законски промени, да се забрани увоз на тутун, додека не се откупи домашниот, соопштија од опозициската партија. За ова станало збор на координативна средба на градоначалниците од регионите во кои се одгледува тутун кој е една од главните егзистенцијални гранки во општините. На средбата се разговарало за ниската цена на тутунот …

ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира законски измени да се забрани увоз на тутун, додека не се откупи домашниот Read More »

Папата Франциско: Трите клучни зборови во бракот се – „Молам, благодарам и извини“


Во обид да ги охрабри брачните двојки, папата Франциско рече дека пандемијата ги влошила постоечките проблеми во некои семејства, ги повика двојките да побараат помош и потсети дека трите клучни зборови во бракот се: „Молам, благодарам и извини“. Папата напиша писмо до брачните двојки, што беше објавено денеска, на католичкиот празник на Светото семејство, со …

Папата Франциско: Трите клучни зборови во бракот се – „Молам, благодарам и извини“ Read More »