Израелскиот премиер Бенет е во изолација поради Ковид во неговото семејство


Израелскиот премиер Нафтали Бенет негативно е тестиран на коронавирус, откако претходно беше изолиран поради тоа што неговата ќерка е заразена со вирусот.

Бенет вчера го напушти неделниот состанок на владата откако дозна за позитивниот тест на неговата 14-годишна ќерка.

Неговиот кабинет соопшти дека премиерот ќе остане во изолација како мерка на претпазливост.

Новата варијанта на коронавирусот Омикрон забрзано се шири во Израел – бројот на потврдени случаи е веќе 1.118, а бројот на заразени со него се удвојува на секои два дена.

ва на секои два дена.