(Галерија) Дедомразовци од сите возрасти го зацрвенеа центарот на Скопје


Ценарот на Скопје денеска беше црвен од стотиците учесници на традиционалната Дедомразовска трка. По една година пауза поради ковид кризата, на плоштадот „Македонија” во Скопје денеска се одржа традиционалната Дедомразовска трка, во која учествуваа голем број граѓани од најразлични возрасти облечени во традиционалниот дедомразовски костум и ја истрачаа патеката од два километра.

Победникот Миомир Алексовски истакна дека ваквите настани претставуваат убав начин да се подигне предновоодишното расположение. Тој  го освои првото место и на трката во 2019 година 

„Мојот мотив беше да ги израдувам моите најмили, најблиски. Ќерката имаше желба да се качи на подиум оваа година, па со неа ќе ја подинеме првата нарадада“, рече Алексовски, додавајќи  дека во новата година посакува здравје и пандемијата да заврши што поскоро.

„Да се надеваме на подобра следна година. Ваквите настани се доста позитивни, неколку месеци скоро исчезнаа овие настани, впрочем и сите собирања, меѓутоа секоаш за нас што трчаме со желба ги очекуваме овие настани да се натпреваруваме да го дадеме најдоброто од себе. Инаку, короната не ме отскокна ни мене, една недела пред скопски маратон, и не успеав да го трчам. За среќа помина се како што треба и ете се вративме храбри и посилни“, рече Алексовски.

Пред и по трката посетителите уживаа во музичка програма, а учесниците се загреваа со фитнес-инструктор.

Трката е во оранизација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со поддршка на Кока-Кола и Градот Скопје.

Погледнете ја галеријата што ја направи нашиот фотограф Борис Грданоски: