Пациент запалил цигара во болничка соба за кислородна поддршка, со навремена реакција спречена експлозија


Фото: Б. Грданоски

Пациент сместен во соба за кислородна поддршка на Клиниката за пулмологија во Скопје вечерва ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара, при што дошло до пожар поради проток на кислород во собата и тој се здобил со помали изгореници на лицето и градите, информира Министерството за здравство.

Во соопштението се посочува дека дежурниот медицински персонал брзо реагирал и дотокот на кислород навреме бил исклучен, со што била спречена експлозија.

– Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а во болничката соба оштетен е мал дел од подот, се додава во соопштението.