Финската премиерка Сана Марин во посета на Северна Македонија


Премиерката на Финска, Сана Марин денеска ќе престојува во еднодневна посета на Северна Македонија.   Според агендата, Марин ќе биде пречекана пред Владата од премиерот Димитар Ковачевски по што ќе има билатерален состанок на двете делегации. Најавена е и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерката Марин во 15:15 часот. Финската премиерка ќе се сретне …

Финската премиерка Сана Марин во посета на Северна Македонија Read More »

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на Буџетот


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот за 2022 година. За говор по општата расправа се пријавени уште двајца пратенци по што треба да почне амандманската расправа во која треба да се разгледаат повеќе од 200 амандмани поднесени претежно од опозицијата. Во претходните три дена од …

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на Буџетот Read More »

Поради посетата на финската премиерка посебен режим на сообраќај во Скопје


Поради официјална посета на премиерката на Република Финска, Сана Марин денеска и утре во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, информира Министерството за внатрешни работи. -Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје, соопшти МВР и …

Поради посетата на финската премиерка посебен режим на сообраќај во Скопје Read More »

Неделава паѓа одлука за блок тарифите за електрична енергија


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) до крајот на неделава треба да ги усвои измените на тарифниот систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија со кои се воведуваат четири блок тарифи за високата дневна тарифа, односно за скапата струја. Блоковите ќе важат само за скапата струја и предвидено е во првиот блок да …

Неделава паѓа одлука за блок тарифите за електрична енергија Read More »

Презентација на документ „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“


Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска ќе го презентираат документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“. Како што информираат од ИДСЦС, документот има за цел да ја информира општата и политичка јавноста и да го изостри нејзиниот фокус за суптилностите кои евентуалниот компромис со Бугарија …

Презентација на документ „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“ Read More »

Изложба „Ателје за цртање и сликање“


Во Галерија„КО-РА“ вечер ќе биде отворена изложбата на „Ателје за цртање и сликање“ На изложбата ќе бидат претставени бројни дела во повеќе техники, со разнородна тематика, настанати во текот на повеќе студиски години под менторство на Лара Ташковска Ларсон и академикот Васко Ташковски.

Неделава значителен пораст на температурите, денеска до 34 степени, УВ индексот ќе изнесува 8


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 16, а максималните ќе се движат од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  Во Скопје ќе преовладува …

Неделава значителен пораст на температурите, денеска до 34 степени, УВ индексот ќе изнесува 8 Read More »

Зеленски: Украина воведува визи за Русите


Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска соопшти дека неговата земја има намера да воведе визи за Русите од 1 јули. „Украина воведува визен режим за граѓаните на Руската Федерација“, објави Зеленски на својот канал на апликацијата Телеграм. Тој рече дека новото правило ќе стапи во сила следниот месец.

Викендов заради санирање на мостот на Маркова Река ќе има времен режим на сообраќај


Викендов заради реализација на проектот за целосно санирање на оштетувањето на мостот на Маркова Река во населбата Драчево, на овој потег ќе биде воведен времен режим на сообраќај, сооптија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) повикувајќи се на информација од Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје. Оштетувањето на мостот ќе …

Викендов заради санирање на мостот на Маркова Река ќе има времен режим на сообраќај Read More »

Комисиската расправа за ребалансот на Буџетот ќе продолжи в понеделник


Собраниската комисија за финансирање и буџет ја заврши денешната расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година. Расправата ќе продолжи во понеделник. И на третиот ден од комисиската расправа пратениците од опозицијата и од власта останаа со спротивставени ставови. За опозицијата ребалансот е доказ дека економијата е разрушена и дека постојано се зголемува сиромаштијата. Пратениците …

Комисиската расправа за ребалансот на Буџетот ќе продолжи в понеделник Read More »

Кинескиот претседател Си го фали „добриот моментум“ во соработката меѓу Кина и Русија


Кинескиот претседател Си Џинпинг во снименото видео обраќање на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург рече дека соработката меѓу Кина и Русија покажува добар моментум. Претседателот на Кина истакна дека има целосна доверба во кондицијата на кинеската економија. – Кина е подготвена да соработува со Русија и сите други земји за да ги истражи изгледите …

Кинескиот претседател Си го фали „добриот моментум“ во соработката меѓу Кина и Русија Read More »

Шолц: И покрај тоа што не ја запира војната, неопходно е да продолжиме да разговараме со Путин


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека одржувањето на комуникацијата со рускиот претседател Владимир Путин е од суштинско значење, иако Москва ја продолжува својата војна против соседна Украина. – Апсолутно е неопходно да се разговара со Путин и јас ќе продолжам да го правам тоа, како и францускиот претседател Емануел Макрон, рече Шолц во интервју …

Шолц: И покрај тоа што не ја запира војната, неопходно е да продолжиме да разговараме со Путин Read More »

СМО: Топлотните бранови пред почетокот на летото во Европа се најава за она што следува


Топлотните бранови ќе се случуваат сè порано и сè почесто во иднина, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО), посочувајќи на топлотните бранови кои зафатија делови од Европа оваа година уште пред официјалниот почеток на летото. – За жал, денес сме сведоци како ќе изгледа иднината, рече Клер Нулис, портпаролка на Светската метеоролошка организација. Екстремно високите …

СМО: Топлотните бранови пред почетокот на летото во Европа се најава за она што следува Read More »

Украина од ММФ доби заем од 770 милиони долари


Украина доби заем од 770 милиони американски долари по повластени услови од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). – Благодарен сум на канадската вицепремиерка Кристи Фриланд за нејзината поддршка и сеопфатна помош за Украина во борбата против агресорите, напиша на Твитер украинскиот премиер Денис Шмигал. Тоа се првите средства што Украина ги повлекува од специјалната сметка што …

Украина од ММФ доби заем од 770 милиони долари Read More »

(Фото) Пробиен е еден од двата тунела на експресниот пат Градско – Прилеп


Денеска и официјално е пробиен еден од девата тунела на експресниот пат Градско – Прилеп кој се гради со забрзано темпо. Тунелот од 139 метри се работеше во изминатите седум месеци. Наредниот период интензивно ќе се работи на отворање и пробивање на другиот тунел во должина од 159 метри. Министерот за транспорт и врски Благој …

(Фото) Пробиен е еден од двата тунела на експресниот пат Градско – Прилеп Read More »

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата …

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“ Read More »

Дизелот поскапува за два денара


Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,37 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 109,5 денари …

Дизелот поскапува за два денара Read More »

Руската подружница „Гугл“ прогласи банкрот


Подружницата на „Гугл“ во Русија поднесе барање за стечај. Арбитражниот суд во Москва регистрирал барање за стечај кај „Гугл ДОО“, според списите на арбитражните случаи. Барањето е поднесено до судот на 16 јуни, а датумот за разгледување на нејзината важност се уште не е одреден, пренесува РИА Новости. На 18 мај, Google LLC објави известување …

Руската подружница „Гугл“ прогласи банкрот Read More »

Трет ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот: Дали инфлацијата е увезена или е „домашна“


Комисијата за финансирање и Буџет денеска ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот, во рамки на 38-та седница. На третиот ден од расправата, членовите на Комисијата од владејачкото мнозинство потенцираа дека со ребалансот се проектираат повеќе средства од буџетот за поддршка на стандардот на граѓаните и се поддржува економска активност, а од опозицијата остануваат на ставот дека буџетот е …

Трет ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот: Дали инфлацијата е увезена или е „домашна“ Read More »

Словенечки „Петрол“: Во текот на летото можен е недостиг од гориво во регионот


Во текот на летото можни се недостиг на нафтени деривати во земјите од регионот поради значително отежнатото снабдување поради блокадата на увозот на руска нафта во Европската унија. Како што соопштија од словенечкиот Петрол за порталот Report, компанијата има обезбедено долгорочни договори за набавка на нафтени деривати за 2022 година до степен што ја одразува …

Словенечки „Петрол“: Во текот на летото можен е недостиг од гориво во регионот Read More »