Силиконската долина во страв од рецесија – „Епл“ ги ограничува вработувањата


„Епл“ е уште еден во низата технолошки гиганти кои имаат ограничени планови за вработување и трошење, со образложение дека „Силиконската долина е загрижена за рецесија во наредните месеци“. Производителот на ајфон (iPhone) се обидува да го ограничи трошењето и растот на работните места во некои од неговите оддели, објави Блумберг. Повнимателниот став го следи пристапот …

Силиконската долина во страв од рецесија – „Епл“ ги ограничува вработувањата Read More »

(Видео) Историски ден: Во Брисел започнуваат преговорите за членство на Македонија во ЕУ 


  По 17 години кандидатски статус Република Северна Македонија денеска на 19 јули 2022 година во Брисел ги започнува преговорите за полноправно членство во Европската Унија. Започнувањето на преговорите ќе биде означено со одржување на првата меѓувладина конференција закажана за во 9:30 часот во Советот на Европската Унија, на која како предводник на македонската делегација …

(Видео) Историски ден: Во Брисел започнуваат преговорите за членство на Македонија во ЕУ  Read More »

Волстрит падна на почетокот на неделата


На Волстрит во понеделникот берзанските индекси паднаа затоа што деловните резултати на компаниите не се импресивни и затоа што наскоро американската централна банка повторно агресивно ќе ги зголеми каматните стапки. Dow Jones загуби 216 поени или 0,69 отсто, на 31.072 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,84 отсто, на 3.830 поени, а индексот Nasdaq …

Волстрит падна на почетокот на неделата Read More »

Ердоган, Раиси и Путин денеска се среќаваат во Техеран


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган замина за Техеран каде денеска ќе учествува на состанок за Сирија со рускиот и иранскиот колега Владимир Путин и Ебрахим Раиси. Како што пренесуваат турските медиуми, секоја посета на главниот град на Иран е важна. Но, овојпат, имајќи ја предвид активноста на процесите во регионот, може да се каже дека …

Ердоган, Раиси и Путин денеска се среќаваат во Техеран Read More »

Убиени 13 затвореници при бунт во еквадорски затвор


Тринаесет затвореници се убиени, а двајца се повредени при бунт во еквадорскиот град Санто Доминго, соопштија властите. До бунт дошло во затворот Белависта во Санто Доминго, 70 километри југозападно од главниот град на Еквадор, Кито. Според властите, ситуацијата во затворот е под контрола. При немири во истиот затвор, на 9 мај, 44 затвореници го изгубија …

Убиени 13 затвореници при бунт во еквадорски затвор Read More »

На Табановце за влез се чека до еден час, а на Богородица за излез околу 30-40 минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На ГП Богородица за излез се чека околу 30-40 минути, а на ГП Табановце за влез се чека околу 40-60 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез …

На Табановце за влез се чека до еден час, а на Богородица за излез околу 30-40 минути Read More »

Претседателот на Мексико во писмо до Бајден нуди азил за Асанж


Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор во писмо до американскиот колега, Џо Бајден, повторно понуди азил за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. – Му оставив писмо на претседателот за Асанж, каде објаснив дека тој не направил никакво сериозно злосторство, оти не предизвикал ничија смрт, не загрозил никакви човекови права, ја користел својата слобода и …

Претседателот на Мексико во писмо до Бајден нуди азил за Асанж Read More »

Зеленски отпушти уште 28 вработени во Службата за безбедност на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпушти уште 28 вработени во Службата за безбедност на Украина (СБУ), јави ДПА. Во своето традиционално вечерно видео обраќање, Зеленски рече дека одлуката влијае на персоналот на СБУ на различни нивоа. „Генерално, сепак, причините се – незадоволителни резултати во работата“, истакна тој. Во неделата, украинскиот претседател ги разреши шефот на СБУ …

Зеленски отпушти уште 28 вработени во Службата за безбедност на Украина Read More »

Владата на премиерот Џонсон го „преживеа“ гласањето за доверба


Владата на британскиот премиер Борис Џонсон синоќа го „преживеа“ гласањето за доверба што самата го свика. Членовите на владејачката Конзервативна партија ги поддржаа министрите за да избегнат распишување избори. Опозициската Лабуристичка партија побара Џонсон, кој рече дека ќе се повлече, веднаш да биде сменет како привремен лидер додека Конзервативната партија не го избере неговиот наследник …

Владата на премиерот Џонсон го „преживеа“ гласањето за доверба Read More »

Во Собранието закажана 79. пленарна седница


Во Собранието на Северна Македонија за денеска е закажана 79. пленарна седница на која на дневен ред се 40-тина точки. Пратениците треба да расправаат за измените на Законот за детективска дејност, на Законот за гранична контрола и на Законот за оружје, како и за измените на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. На …

Во Собранието закажана 79. пленарна седница Read More »

Изложба „Лицата на Европа“ на фотографот Александар Кондев


Во „Europe House“ вечер ќе биде отворена изложбата „Лицата на Европа“ на фотографот Александар Кондев. Александар Кондев е роден во 1950 година. Живее и работи во Скопје. Во Скопје завршува основно и средно образование, а потоа студира на Економскиот факултет. Со фотографија почнува да се занимава уште во школски денови. Членува во фото клубовите „Вардар” …

Изложба „Лицата на Европа“ на фотографот Александар Кондев Read More »

Оркестарот на операта на Српскиот народен театар – Нови Сад вечерва на „Охридско лето“


Оркестарот на операта на Српскиот народен театар – Нови Сад, вечер ќе настапи на „Охридско лето“ под диригентската палка на Луис Горелик од Аргентина. Солист на вечерта ќе биде сопранот Марија Јелиќ од Србија. Оркестарот на операта на Српскиот народен театар во Нови Сад, како што информира националната установа „Охридско лето“, е основан на 16 …

Оркестарот на операта на Српскиот народен театар – Нови Сад вечерва на „Охридско лето“ Read More »

Сончево и топло, за викендот температури над 35 степени


Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје и околината слично време со минимална температура до 15 и …

Сончево и топло, за викендот температури над 35 степени Read More »

Загриженоста за снабдувањето ја зголеми цената на нафтата на 104 долари


Цената на нафтата се искачи на 104 долари на меѓународните пазари во понеделникот, бидејќи послабиот долар и загриженоста за испораките на гас од Русија ги засени стравувањата од рецесија и заклучување во Кина. На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во септември беше повисока за 2,34 долари во однос на затворањето на крајот на …

Загриженоста за снабдувањето ја зголеми цената на нафтата на 104 долари Read More »

Непознато лице лажно се претставувало како вработено во УЈП со цел да оствари имотна корист


Изминативе денови непознато лице лажно се претставувало дека работи во Управата за јавни приход како одговорно лице за наплата на долгови и барало пари од даночни обврзници со цел да го намали долгот што го имале спрема Управата, информираат од УЈП. Од Управата соопштуваат дека оваа информација ја добиле денеска, и оти согласно член 391 …

Непознато лице лажно се претставувало како вработено во УЈП со цел да оствари имотна корист Read More »

ЕУ ќе добива повеќе гас од Азербејџан


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев денеска во Баку потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство во енергетскиот сектор. Меморандумот предвидува обврска да се удвои капацитетот на гасоводот Јужен гасен коридор со цел до 2027 година да испорачува најмалку 20 милијарди кубни метри гас годишно во ЕУ. …

ЕУ ќе добива повеќе гас од Азербејџан Read More »

Во Хрватска почна ковањето евра, треба да се исковаат 420 милиони парчиња


Претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ, присуствуваа на свеченото одбележување на почетокот на производството на монети од хрватски евра во ковачницата „Света Недеља“. Премиерот и гувернерот по обиколката дадоа изјави за медиумите, јави Н1 инфо. „Лично добивме увид во тоа како се коваат монетите евра …

Во Хрватска почна ковањето евра, треба да се исковаат 420 милиони парчиња Read More »

Селекторот Бајиќ се раздели со македонските кошаркари


Македонската машка кошаркарска репрезентација ќе стартува во претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025 со нов селектор, откако досегашниот предводник на „црвено – жолтите“ Драган Бајиќ и Кошаркарската федерација заемно се спогодија да ја прекинат соработката. Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) соопшти дека Бајиќ го напушта селекторското столче поради здравствени проблеми. – Од оправдани причини, односно …

Селекторот Бајиќ се раздели со македонските кошаркари Read More »

Побрз проток на патници на Табановце и нови зелени коридори како дел од Отворен Балкан


На граничниот премин Табановце – Прешево комплетно се завршени дополнителните инфраструктурни активности и реконструкции предвидени со Договорот за примена на заеднички гранични премини – One Stop Shop контроли во делот на проток на стоки и патници со Република Србија, соопштија од Владата. Притоа, како што се наведува во соопштението до медиумите, поставени се нови кабини за …

Побрз проток на патници на Табановце и нови зелени коридори како дел од Отворен Балкан Read More »

Лари Финк: Цените на горивата не се најголемиот проблем


„Драматичните скокови на цената на нафтата по руската инвазија на Украина ставија во втор план уште поголем проблем – зголемувањето на цените на храната“, предупреди Лари Финк, основачот на најголемиот инвестициски фонд во светот, BlackRock. „Една работа за која се грижам и за која не зборуваме доволно е храната“, изјави тој за Фајненшл Тајмс. „Ова …

Лари Финк: Цените на горивата не се најголемиот проблем Read More »