Во Хрватска почна ковањето евра, треба да се исковаат 420 милиони парчиња


Претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ, присуствуваа на свеченото одбележување на почетокот на производството на монети од хрватски евра во ковачницата „Света Недеља“.
Премиерот и гувернерот по обиколката дадоа изјави за медиумите, јави Н1 инфо.

„Лично добивме увид во тоа како се коваат монетите евра во хрватската ковачница. На 1 јануари Хрватска станува дел од еврозоната. Тука спаѓа и ковањето монети, како и набавката на банкноти“, рече премиерот Пленковиќ.

„Веруваме дека процесот го спроведовме многу систематски. Ова е стратешка цел, која ја постигнуваме, а која ќе остане. Им благодарам на сите што придонесоа“, додаде тој.

„Во текот на есента ќе бидат финализирани активностите поврзани со влезот во Шенген. Во овие околности, добро е што сме во еврозоната. Ќе бидеме позаштитени во сите предизвици што ни претстојат“, рече Пленковиќ.

„Овде работат околу 70 работници, овде се коваат огромни количества монети. Ова бара добра организација на монетите. Сигурен сум дека се ќе биде направено како што треба“, рече тој.

Гувернерот Вујчиќ рече дека ќе работат во три смени. Планот е да се коваат 420 милиони парчиња или 3.700 тони до крајот на годината.

„Тоа е голем логистички напор. Тоа подразбира повлекување на куните од оптек“, рече гувернерот.

„Сите монети се многу убави. Премиерот рече дека е подобро кога се држат во рака отколку на сликата“, се пошегува Вујчиќ.

Ќе бидат повлечени банкноти од 500 милиони куни.

„Нема таква гаража. Се договоривме со армијата да изградиме капацитет“, одговори Вујчиќ на прашањето што ќе биде со куните во оптек.