(Видео) Историски ден: Во Брисел започнуваат преговорите за членство на Македонија во ЕУ 

Започнувањето на преговорите ќе биде означено со одржување на првата меѓувладина конференција закажана за во 9:30 часот во Советот на Европската Унија


 

По 17 години кандидатски статус Република Северна Македонија денеска на 19 јули 2022 година во Брисел ги започнува преговорите за полноправно членство во Европската Унија. Започнувањето на преговорите ќе биде означено со одржување на првата меѓувладина конференција закажана за во 9:30 часот во Советот на Европската Унија, на која како предводник на македонската делегација ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.

Обраќањето на премиерот Ковачевски можете да го проследите на следниот линк:

Веднаш по меѓувладината конференција е планирана и прес-конференција во 11:00 часот на која ќе се обрати премиерот Ковачевски.

Прес-конференцијата можете да ја следите на следниот линк:

Во рамките на историската посета на Брисел за денеска попладне е најавено и започнувањето на скринингот за Република Северна Македонија и работен ручек на премиерот Димитар Ковачевски со еврокомесарот за проширување и добрососедски политики Оливер Вархеји, на кој ќе присуствуваат и двете делегации.

Како дел од официјалната владина делегација во Брисел отпатуваа првиот вицепремиер Артан Груби, заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити и други високи претставници на Владата кои се придружувани од амбасадорката Агнеза Руси Поповска, шеф на Мисијата при ЕУ.