Седници на две собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност и за европски прашања. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата по скратена постапка е единствената точка на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност. Членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат за Предлог-законот за заштита на потрошувачите, …

Седници на две собраниски комисии Read More »

Почнува изградбата на малиот систем за наводнување во Теарце


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и в.д. амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Џулијан Васало денеска ќе го означат почетокот на градежните работи за малиот систем за наводнување во селото Теарце. Николовски и Васало ќе бидат придружувани од градоначалникот Нухи Незири. Како што соопшти Канцеларијата во Скопје, ЕУ ја поддржува изградбата на три …

Почнува изградбата на малиот систем за наводнување во Теарце Read More »

Сончево и топло со слаб до умерен ветер


Времето денеска ќе биде сончево, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната од 29 до 36 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до …

Сончево и топло со слаб до умерен ветер Read More »

Зградите на Владата и на МНР во боите на ЕУ


Зградите на Владата и на Министерството за надворешни работи вечерва се обоени во боите на Европската унија во знак на денешниот официјален почеток на простапните преговори. – Денес во Брисел запишавме ново поглавје во македонската историја и ветуваме дека забрзано ќе чекориме кон дополнителен развој и стабилност за сите наши граѓани. Европските вредности се наши …

Зградите на Владата и на МНР во боите на ЕУ Read More »

ЕУ предлага да се деблокираат средствата на руските банки за да ѝ се помогне на трговијата со храна


Европска комисија до земјите-членки на Европска Унија достави документ со што се предлага да се ослободат „одредени средства“ од руските банки замрзнати по санкциите на ЕУ со цел да се помогне во обнова на трговијата со земјоделски и прехранбени производи. – ЕУ сака совршено да стави до знаење дека ништо во санкциите не го спречува …

ЕУ предлага да се деблокираат средствата на руските банки за да ѝ се помогне на трговијата со храна Read More »

Голем пожар во близина на Атина, евакуирани четири населби и детска болница


Преку порака од бројот за итни случаи 112 од жителите на четири населби беше побарано да се евакуираат поради големиот шумски пожар што кусо по 17 часот избувна во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а огнените јазици веќе предизвикаа материјална штета на куќи, јави дописничката на МИА од Атина. Шумскиот пожар …

Голем пожар во близина на Атина, евакуирани четири населби и детска болница Read More »

Од Ковид-19 починаа четири лица, најмладиот на 23 години, регистрирани и 770 нови случаи од 2.043 тестирани


Нови 770 случаи на Ковид -19 се евидентирани во изминатото деноноќие од направени 2.043 тестови. Починати се две лица од кои едното на 23-годишна возраст од Свети Николе. Бројот на активни случаи во моментот е 3.121. Најголем број од новите случаи се во Скопје – 364 по што следуваат Битола со 47, Охрид со 46, …

Од Ковид-19 починаа четири лица, најмладиот на 23 години, регистрирани и 770 нови случаи од 2.043 тестирани Read More »

За една седмица над 140.000 заразени и 200 починати од Ковид-19 во Грција


Во периодот од 11 до 17 јули, во Грција се регистрирани 148.435 случаи на Ковид-19, од кои 18 отсто се реинфекции, починаа 200 лица, а 115 се приклучени на апарати, се наведува во седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Вкупниот број …

За една седмица над 140.000 заразени и 200 починати од Ковид-19 во Грција Read More »

Пожарите во Шпанија за една недела уништија најмалку 60.000 хектари шума


Пожарите што беснеат во Шпанија од минатата среда уништија најмалку 60.000 хектари шума, јави телевизијата RTVE, цитирајќи власти во различни региони. – Ова е најлошата огнена катастрофа откако се води евиденција, изјави директорот за цивилна одбрана Леонардо Маркос за радио станицата „Кадена Сер“. Еден од факторите кои придонесуваат е силниот топлотен бран предизвикан од климатските …

Пожарите во Шпанија за една недела уништија најмалку 60.000 хектари шума Read More »

„Виз ер“ со рекорден број превезени патници во јуни


„Виз ер“ (Wizz Air), превезе рекордни 4,34 милиони патници во текот на јуни. Ова претставува зголемување од 179 проценти во споредба со јуни 2021 година, соопштија од компанијата. Во текот на изминатите 12 месеци, „Виз ер“ брзо ја прошири својата разновидна мрежа, додавајќи 200 нови линии до 126 дестинации низ Европа и пошироко. За да …

„Виз ер“ со рекорден број превезени патници во јуни Read More »

Собранието го усвои Ребалансот на Буџетот за 2022 година


Собранието на денешната 78. седница со 61 глас „за“ го усвои Ребалансот на Буџетот за 2022 година. Вкупните приходи се проектирани на ниво од 245,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 288,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3 отсто од БДП, што е пониско во однос на минатата година. Со …

Собранието го усвои Ребалансот на Буџетот за 2022 година Read More »

(Видео) Драма на аеродром во Сомалија: Патнички авион се преврте на пистата, веднаш се запали


Авион се превртел и се запалил на меѓународниот аеродром Адан Аде во Сомалија. За среќа, сите 36 патници и членови на екипажот преживеаја, соопшти сомалиската управа за цивилно воздухопловство. Станува збор за авион Фокер-50, произведен од холандската компанија „Фокер“, која е задолжена и за сервисирање на авионот. Портпаролот на „Фокер сервис“ изјави дека нема да …

(Видео) Драма на аеродром во Сомалија: Патнички авион се преврте на пистата, веднаш се запали Read More »

Јончевски нов селектор на македонските кошаркари


Ден откако македонската Кошаркарска федерација (КФСМ) спогодбено ја прекина соработката со српскиот стратег Драган Бајиќ за негов наследник на селекторското столче е назначен 41-годишниот Александар Јончевски. Новиот македонски кошаркарски селектор долги години е дел од стручниот штаб на репрезентацијата, првично како асистент на Марјан Лазовски во квалификациите за Олимписките Игри што се одржаа во Венецуела, …

Јончевски нов селектор на македонските кошаркари Read More »

ДЗР: Финансиските извештаи не ја прикажуваат вистинито состојба на ГТЦ


Финансиските извештаи не ги прикажуваат вистинито и објективно, во сите материјални аспекти, финансиската состојба на Градски трговски центар, Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп, Скопје на ден 31 декември 2020 година, како и финансиската успешност и паричните текови за годината која завршува со тој датум, во согласност со применливата рамка за известување, …

ДЗР: Финансиските извештаи не ја прикажуваат вистинито состојба на ГТЦ Read More »

Населението во Грција за десет години се намалило за 3,5 отсто


Вкупното постојано население на Грција изнесува 10.432.481 жители, за 383.805 помалку жители, односно 3,5 отсто во споредба со 2011 година, согласно привремените резултати од пописот во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на грчката служба за статистика Атанасиос Танопулос, денеска ги презентираше првичните резултати од пописот спроведен од октомври до декември 2021 година, …

Населението во Грција за десет години се намалило за 3,5 отсто Read More »

Итни мерки во Холандија поради горештините


Општинските власти и приватниот сектор во Холандија денеска презедоа итни мерки бидејќи температурите се искачија близу 40 степени, јави ДПА. Машини фрлаа сол на одредени патишта со цел да се намали температурата на површината. Општинските власти појаснија дека солта ја извлекува влагата од воздухот што доведува до намалување на топлината на асфалтот, што може да …

Итни мерки во Холандија поради горештините Read More »

Србија гради гасна интерконекција со Бугарија, наскоро и со Македонија


Српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ денеска изјави дека за енергетската безбедност на Србија е важно да има можност од повеќе снабдувачи со гас, поради што покрај градбата на гасна интерконекција со Бугарија, Србија забрзано се подготвува за изградба на интерконекција и со Северна Македонија, за што до септември ќе аплицира …

Србија гради гасна интерконекција со Бугарија, наскоро и со Македонија Read More »

Силиконската долина во страв од рецесија – „Епл“ ги ограничува вработувањата


„Епл“ е уште еден во низата технолошки гиганти кои имаат ограничени планови за вработување и трошење, со образложение дека „Силиконската долина е загрижена за рецесија во наредните месеци“. Производителот на ајфон (iPhone) се обидува да го ограничи трошењето и растот на работните места во некои од неговите оддели, објави Блумберг. Повнимателниот став го следи пристапот …

Силиконската долина во страв од рецесија – „Епл“ ги ограничува вработувањата Read More »

(Видео) Историски ден: Во Брисел започнуваат преговорите за членство на Македонија во ЕУ 


  По 17 години кандидатски статус Република Северна Македонија денеска на 19 јули 2022 година во Брисел ги започнува преговорите за полноправно членство во Европската Унија. Започнувањето на преговорите ќе биде означено со одржување на првата меѓувладина конференција закажана за во 9:30 часот во Советот на Европската Унија, на која како предводник на македонската делегација …

(Видео) Историски ден: Во Брисел започнуваат преговорите за членство на Македонија во ЕУ  Read More »

Волстрит падна на почетокот на неделата


На Волстрит во понеделникот берзанските индекси паднаа затоа што деловните резултати на компаниите не се импресивни и затоа што наскоро американската централна банка повторно агресивно ќе ги зголеми каматните стапки. Dow Jones загуби 216 поени или 0,69 отсто, на 31.072 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,84 отсто, на 3.830 поени, а индексот Nasdaq …

Волстрит падна на почетокот на неделата Read More »