„Виз ер“ со рекорден број превезени патници во јуни


Фото: Б. Грданоски

„Виз ер“ (Wizz Air), превезе рекордни 4,34 милиони патници во текот на јуни. Ова претставува зголемување од 179 проценти во споредба со јуни 2021 година, соопштија од компанијата.

Во текот на изминатите 12 месеци, „Виз ер“ брзо ја прошири својата разновидна мрежа, додавајќи 200 нови линии до 126 дестинации низ Европа и пошироко.

За да го поддржи овој континуиран раст, „Виз ер“ ја прошири флотата за 27 ултра модерни и ефикасни авиони Ербас во текот на изминатата година. Вклучувајќи ги најновите технологии, флотата од Ербас на „Виз ер“ е составен елемент на стратегијата за одржливост на авиокомпанијата, поддржувајќи ги нејзините цели за намалување на емисиите на CO2 за 25 отсто по патнички километар до 2030 година. Претходно оваа година „Виз ер“, исто така, потпиша Меморандум за разбирање со Ербас за истражување потенцијалот за операции на авиони на водород.

Големиот број на нарачки кои се во договор со Ербас ја поткрепува целта на „Виз ер“ да биде групација со флота од 500 авиони до крајот на деценијата. Нарачката во моментов се состои од 13 A320neo, 255 A321neo и 47 A321XLR авиони, плус дополнителната нарачка за 15 A321neo и правата за купување за 75 A321neo, што претставува вкупно 411 авиони.