Концерт на „Танец“ и пријателите во чест на Александар Сариевски


  Во Националната опера и балет вечер ќе се одржи вокално-инструментален концерт во чест на 100-годишнината од раѓањето на Александар Сариевски.  Организаторот на концертот – Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ – Скопје, најавува дека ќе настапат македонските пејачи Сузана Спасовска, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, Влатко Стефановски и хорот и …

Концерт на „Танец“ и пријателите во чест на Александар Сариевски Read More »

Сончево и топло до 35 степени


  Времето денеска ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните делови ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степен. УВ-индексот ќе биде 7. Во Скопје ќе биде сончево …

Сончево и топло до 35 степени Read More »

Маричиќ: Почнува скринингот, верувам дека ќе ги направиме уставните измени


  Во Брисел денеска официјално почнува скринингот за усогласеноста на македонското законодавство со тоа на Европската Унија. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за МИА, по повод отпочнување на оваа фаза од нашето пристапување кон ЕУ, вели дека скринигот практично е фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме. Тој повикува дека …

Маричиќ: Почнува скринингот, верувам дека ќе ги направиме уставните измени Read More »

Државата се подготвува за најтешката зима, мерки за повеќе струја дома и апели да се штеди


  Народната банка направи промени во инструментот за задолжителна резерва за поддршка на домашното производство на електрична енергија од обновливи извори, а во Собранието на седница се ставени измените на Законот за градење што ќе ја поедностават процедурата за поставување фотоволтаици. Паралелно со мобилизирањето на сите ресурси за зголемување на производството на струја, продолжуваат апелите …

Државата се подготвува за најтешката зима, мерки за повеќе струја дома и апели да се штеди Read More »

Астрономски календар


  Денеска е четврток, 15 септември 2022 година, 253-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 112 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 12 минути, а ќе зајде во 18 часот и 46 минути. Денов трае 12 часа и 34 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе …

Астрономски календар Read More »

Шведската премиерка го призна поразот и најави оставка. Десницата ја превзема власта


  Социјалдемократската премиерка на Шведска, Магдалена Андерсон го призна поразот на изборите, предавајќи го раководството на земјата на десничарскиот блок составен од четири партии. Сите гласови сè уште не се преброени, но Андерсон, која минатата година стана првата жена премиер на Шведска, рече дека резултатите покажале дека десничарскиот блок победил. „Затоа утре ќе побарам од …

Шведската премиерка го призна поразот и најави оставка. Десницата ја превзема власта Read More »

Сензација на Евробаскет: Словенците во аут, Дончиќ исклучен во клучен момент


  Полска е во полуфиналето на Евробаскетот. Полјаците ја направија најголемата сензација на Евробаскетот и по неверојатна игра го исфрлија актуелниот европски првак Словенија (90:87) предводени од Лука Дончиќ. Полска во финалето ќе игра против Франција, која претходно во продолжението беше подобра од Италија. Во првите две третини Полска целосно го декласираше првиот фаворит на …

Сензација на Евробаскет: Словенците во аут, Дончиќ исклучен во клучен момент Read More »

Георгиева: Силната зима може да доведе до социјални немири во Европа


  Силната зима може да доведе до социјални немири во Европа, каде руската инвазија на Украина веќе доведе до страшни економски последици, поради што постои страв од рецесија, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. Георгиева рече дека Европската централна банка, поради актуелната ситуација, мора внимателно да ја балансира борбата против инфлацијата, имајќи …

Георгиева: Силната зима може да доведе до социјални немири во Европа Read More »

По кибер нападите врз Албанија телефонски разговор Рама-Столтенберг


  По кибер нападите врз институциите во Албанија од страна на Иран, телефонски разговарале албанскиот премиер Еди Рама и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Според албанските медиуми, Стoлтенберг преку објава на Твитер нагласува дека НАТО ќе понуди целосна поддршка и солидарност со Албанија. – За кибер нападите против нашиот сојузник Албанија, кои многу сојузници …

По кибер нападите врз Албанија телефонски разговор Рама-Столтенберг Read More »

Пендаровски: Кризата е можност за зајакнување на нашата енергетска архитектура


  Кризата е и можност за зајакнување на нашата енергетска архитектура преку вложување во долгорочната енергетска безбедност, достапност и одржливост, порачал претседателот на државата Стево Пендаровски на свеченото отворање на Деновите на групацијата ЕВН. Говорејќи за кризата со достапноста до енергија, еколошката одржливост и енергетската безбедност, претседателот Пендаровски оценил дека како мала и отворена економија …

Пендаровски: Кризата е можност за зајакнување на нашата енергетска архитектура Read More »

ЕП усвои нови правила за минимални плати во ЕУ


  Европскиот парламент го усвои новиот закон за соодветни минимални плати во ЕУ, со 505 гласа „за“, 92 „против“ и 44 воздржани. Законодавството на ЕУ, договорено во јуни со Советот, има за цел да го подобри животниот стандард и работните услови за сите европски работници и да го промовира економскиот и социјалниот напредок, јави дописникот на …

ЕП усвои нови правила за минимални плати во ЕУ Read More »

Данска и Франција за ограничување на поскапувањето на енергенсите


  Данската Влада денеска предложи привремено ограничување на цените на гасот, струјата и на парното за потрошувачите во текот на зимата, како мерка за спречување на поскапувањето на енергенсите. Франција исто така планира да го ограничи поскапувањето на струјата и на гасот на 15 отсто. Данскиот предлог доаѓа во време кога земјите низ Европа се …

Данска и Франција за ограничување на поскапувањето на енергенсите Read More »

Најбогатите „полесни“ за 93 милијарди долари. Најголема загуба претрпеа Безос, Маск и Гејтс


Најбогатите американски милијардери изгубија 93 милијарди долари на берзата во вторникот, што е една од најголемите дневни загуби досега, бидејќи на берзата влијаеа податоците за инфлацијата која е повисока од очекуваната, објави Блумберг. Најголема загуба претрпе Џеф Безос, сопственикот на „Амазон“, чие богатство е намалено за 9,8 милијарди долари, а по него е Илон Маск, …

Најбогатите „полесни“ за 93 милијарди долари. Најголема загуба претрпеа Безос, Маск и Гејтс Read More »

Европарламентот сака да ја зголеми употребата на обновливите извори на енергија и заштедата на енергија


  Европратениците гласаа за зголемување на уделот на обновливите извори во вкупната потрошувачка на енергија во ЕУ на 45 отсто до 2030 година, како дел од прегледот на Директивата за обновлива енергија (РЕД). Оваа цел е поддржана и од Европската комисија во контекст на нејзиниот пакет RepowerE, јави дописникот на МИА. Законодавството, исто така, дефинира …

Европарламентот сака да ја зголеми употребата на обновливите извори на енергија и заштедата на енергија Read More »

„Синесајт“ стекнува мнозински удел во ФХ3Х


  Британско-канадското студио за визуелни ефекти „Синесајт“ (Cinesite) се здоби со мнозински удел во VFX фирмата ФХ3Х (FX3X), јавија повеќе специјализирани светски медиуми, како што се „Вараети“, „Скрин интернешенал“, „Филм Њу Јуроп“, ИМДБ њус и други. Тие пишуваат дека ФХ3Х има канцеларии во Скопје, Северна Македонија и Белград, Србија, како и дека компанијата моментално е …

„Синесајт“ стекнува мнозински удел во ФХ3Х Read More »

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ во Сараево


  Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, ќе присуствува на состанокот на Холандската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд и Групацијата на Светската банка, којшто годинава ќе се одржи од 14 до 16 септември во Сараево, Босна и Херцеговина. На средбата под наслов „Од криза до закрепнување“ ќе учествуваат високи претставници на ММФ и Светската банка, …

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ во Сараево Read More »

Зеленски ненадејно го посети до неодамна руското упориште, објави фотографии


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска дојде во ненадејна посета на Изум, стратешки важен град на истокот кој неодамна беше ослободен од украинските сили. Москва го искористи Изум како точка од која испрати засилување на фронтот во Донбас. Во тој регион, за потсетување, благодарение на молскавично брзиот украински контранапад, ситуацијата целосно се промени. Имено, Русите сега …

Зеленски ненадејно го посети до неодамна руското упориште, објави фотографии Read More »

Голдман Сакс: Европа го реши проблемот со гасот, цените ќе паднат


  Европските земји можат да ги издржат кратењата на испораките на рускиот гас оваа зима бидејќи проблемите со снабдувањето можеби се „успешно решени“, се вели во анализата на водечката американска банка Голдман Сакс. Аналитичарите на оваа банка проценуваат дека цената на гасот веројатно ќе се намали за повеќе од половина оваа зима, бидејќи напорите на …

Голдман Сакс: Европа го реши проблемот со гасот, цените ќе паднат Read More »

ЕУ ќе создаде јавна банка за инвестирање 3 милијарди евра за развој на обновлив водород


  ЕУ ќе формира нова јавна банка посветена на развојот на водородот, способна да инвестира 3 милијарди евра „за изградба на идниот пазар“ на оваа просперитетна енергија, соопшти претседателката на Европската Комисијата Урсула фон дер Лајен во говорот пред ЕП, јави дописникот на МИА.  -Треба да преминеме од мал пазар на масовен пазар (…) сакаме …

ЕУ ќе создаде јавна банка за инвестирање 3 милијарди евра за развој на обновлив водород Read More »

Министерот Бесими на состанок на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка во Сараево


  Министерот за финансии Фатмир Бесими ќе учествува на состанокот на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка што ќе се одржи во Сараево. На настанот, како што информираат од Министерството за финансии, ќе се дискутира за една од најважните теми на денешницата „Од криза до опоравување“, а министерот Бесими ќе има свое излагање …

Министерот Бесими на состанок на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка во Сараево Read More »