Министерот Бесими на состанок на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка во Сараево


 

Министерот за финансии Фатмир Бесими ќе учествува на состанокот на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка што ќе се одржи во Сараево.

На настанот, како што информираат од Министерството за финансии, ќе се дискутира за една од најважните теми на денешницата „Од криза до опоравување“, а министерот Бесими ќе има свое излагање и на покана на домаќинот ќе ја модерира сесијата насловена „Зимата доаѓа: енергетска безбедност, транзиција и соработка“.

Во рамки на конституенцата на ММФ и Светска банка, министерот Бесими ќе оствари посебни средби со потпретседателката на Светска банка, Ана Бјерде и извршниот директор на ММФ, Кун Давидсе, како и со директорот на европскиот оддел при ММФ, Алфред Камер.

Министерот за финансии Бесими исто така ќе реализира билатерална средба со вицепремиерката и министерка за финансии на Холандија, Сигрид Каг.

На Состанокот ќе учествуваат високи претставници на ММФ и Групацијата на СБ, како и гувернери на централни банки, меѓу кои и гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и министри за финансии на земјите членки.