Сензација на Евробаскет: Словенците во аут, Дончиќ исклучен во клучен момент


 

Полска е во полуфиналето на Евробаскетот. Полјаците ја направија најголемата сензација на Евробаскетот и по неверојатна игра го исфрлија актуелниот европски првак Словенија (90:87) предводени од Лука Дончиќ. Полска во финалето ќе игра против Франција, која претходно во продолжението беше подобра од Италија.

Во првите две третини Полска целосно го декласираше првиот фаворит на Евробаскетот. По првите десет минути Полјаците имаа +3 (29:26), во еден момент дури +23, а на полувремето неверојатни 58:39. Сепак, Полјаците не издржаа. Во третата четвртина Словенците почнаа да играат и го уништија противникот.

За само неколку минути Словенците ја намалија предноста на Пољаците од 20 поени. Со серијата 21:3 Словенија стигна до 60:61 и имаше напад за водство, но не го реализираше. Полјаците имаа шанса да постигнат неколку дополнителни поени во пресрет на последната четвртина, но не успеаја. Како да се исплашија и почнаа да промашуваат . Словенците се вратија на -1 и со резултат 64:63 Полска влезе во последните десет минути.

На почетокот на четвртата четвртина Словенците продолжија во ист ритам и со кошевите на Чанчар и Препелич отидоа прво на +3, а потоа и на +5. Се чинеше дека на Полјаците ќе им биде тешко да се вратат во мечот и дека Словенците се во налет, но многу брзо натпреварот влезе во нова драма. Полјаците стигнаа до само -1 (73:74) по промашените удари на Препелиќ и кош на Слотер.

Словенците застанаа, почнаа да грешат и кон средината на четвртата четвртина Полска отиде на +2. Драмата продолжи. Словенците продолжија да промашуваат, дури и Лука Дончиќ, а Полска на три минути пред крајот отиде на 80:76. Лука Дончиќ потоа доби петта лича грешка, а Понитка ги доведе Полјаците на +6.

Драгиќ погреши, а Слотер на две и пол минути пред крајот погоди за 84:76. Полска на 40 секунди до крајот имаше 90:82, а потоа прими пет поени за само пет секунди. Тројка и кош на Муриќ по грешката на Понитка при уфрлање на топката во игра. Сепак, Словенците не можеа да се вратат до крајот и Полјаците сензационално се во полуфиналето.

Понитка беше најдобар стрелец кај Полска со 26 поени, а додаде и 16 скока и 10 асистенции. Слотер постигна 16 поени со шест скока и четири асистенции, а Соколовски исто така постигна 16 поени.

Влатко Чанчар со 21 поен беше најдобар стрелец на Словенија, а Дончиќ постигна 14 со 11 скока, седум асистенции, но и шест загубени топки и шутирање 5-15. Горан Драгиќ постигна 17 со пет скока и четири асистенции.

Полска така во полуфиналето ќе игра против Франција, која исто како и во осминафиналето по продолженијата се пласираше во четвртфиналето. Ја совлада Италија со 93-85.

Двете полуфиналиња се закажани за в петок, а финалето и натпреварот за третото место се в недела.