Најбогатите „полесни“ за 93 милијарди долари. Најголема загуба претрпеа Безос, Маск и Гејтс


Најбогатите американски милијардери изгубија 93 милијарди долари на берзата во вторникот, што е една од најголемите дневни загуби досега, бидејќи на берзата влијаеа податоците за инфлацијата која е повисока од очекуваната, објави Блумберг.

Најголема загуба претрпе Џеф Безос, сопственикот на „Амазон“, чие богатство е намалено за 9,8 милијарди долари, а по него е Илон Маск, сопственик на шест компании, меѓу кои и производителот на електрични возила „Тесла“, кој загуби 8,4 милијарди долари. Бил Гејтс, сопственикот на „Мајкрософт“, загуби 2,8 милијарди долари, пренесе Танјуг.

Големите дневни загуби на милијардерите ги одразуваат настаните на американската берза, каде што продажбата се зголеми бидејќи инвеститорите очекуваат американската ФЕД уште повеќе да ги зголеми каматните стапки поради повисоката од очекуваната инфлација.

Истата група милијардери изгуби 78 милијарди долари на берзата минатиот месец.

500-те најбогати луѓе во светот годинава изгубиле 1,2 билиони долари, врз основа на листата на Блумберг за најбогати луѓе во светот.