„Европскиот фронт“ одржа симулациска седница на новото Собрание, функциите ги поделија меѓу себе


  На првиот ден од кампањата за паралемнтарните избори, „Европскиот фронт“, на чие чело е ДУИ, направи симулација на конститутивната седница на новото Собрание. Конститутивната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Во своето кусо излагање тој рече дека Демократската унија за интеграција направила суштинска анализа и со своите раководни тела и …

„Европскиот фронт“ одржа симулациска седница на новото Собрание, функциите ги поделија меѓу себе Read More »

Филипче преку видео објаснува зошто се враќа во политиката


  На првиот ден од изборната кампања за претстојните парламентарни избори, д-р Венко Филипче, кој е носител на листата кандидати во Изборна единица 4, во видео објавено на неговата Фејсбук страница одговара зошто се враќа во политиката. Во видеото кое е снимено во неговиот автомобил тој вели дека секогаш ќе биде со пациентите во операциската …

Филипче преку видео објаснува зошто се враќа во политиката Read More »

18 април во историјата – Разорен земјотрес го уништи Сан Франциско


  На 18 април 1906 година, во 5,13 часот, земјотрес проценет на близу 8,0 степени според Рихтеровата скала го погоди Сан Франциско, Калифорнија, при што загинаа околу 3.000 луѓе и урна бројни згради. Земјотресот беше предизвикан од лизгање на раседот Сан Андреас во дел долг околу 440 километри, а ударните бранови можеа да се почувствуваат …

18 април во историјата – Разорен земјотрес го уништи Сан Франциско Read More »

ХДЗ победи во Хрватска, но е далеку од мнозинството


  Владејачката конзервативна партија во Хрватска освои најмногу места на парламентарните избори, но не доволно за да формира влада, според речиси целосните официјални резултати. Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на премиерот Андреј Пленковиќ освои 61 места во 151-членото собрание, покажаа резултатите од повеќе од 98 отсто од избирачките места. На претходните избори во 2020 година, партијата …

ХДЗ победи во Хрватска, но е далеку од мнозинството Read More »

„Лажење без усул“: Пендаровски за ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени


  За време на митингот во Гостивар Стево Пендаровски рече дека раководните лица од ВМРО-ДПМНЕ едно им зборуваат на гостите од странство, а друго велат на митинзите и во изјавите. „Во Скопје доаѓа нивниот пријател од Германија, од нивната сестринска партија ЦДУ. Човекот е еден од највлијателните, во врвот е на таа политичка партија, и …

„Лажење без усул“: Пендаровски за ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени Read More »

Мицкоски: Секогаш кога СДСМ е на власт има стратешки грешки


  Во Македонија народот треба да го има последниот збор и да не биде засрамена и ограбена, порача вечерва од митингот во Свети Николе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече: „СДС Без идеја, без план, без стратегија, а единствено нешто кое како папагали повторуваат шест и половина години додека ја ограбуваат Македонија е ЕУ, …

Мицкоски: Секогаш кога СДСМ е на власт има стратешки грешки Read More »

Јакимовски: Кого лажеш Мицкоски за уставните измени?


  Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска преку Фејсбук го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека лажел за уставните измени, наведувајќи ги зборовите на пратеникот на германската ЦДУ, Петер Бајер, дека уставните измени ќе биле донесени. „Сега и германскиот пратеник Бајер го потврдува она што јас со години ви го велам. Стигна потврдата. …

Јакимовски: Кого лажеш Мицкоски за уставните измени? Read More »

Украинците го изведоа еден од најуспешните напади досега: Уништени три лансери на „С-400“


  Ноќта на 17 април, украинските сили повторно го нападнаа окупираниот полуостров Крим, а судејќи според видеата кои кружат на социјалните мрежи, нивна цел била руската воздухопловна база Џанкој. Наводно, и сателитски снимки потврдиле дека имало неколку експлозии во воздухопловната база. Како што пренесува Defence Blog, се верува дека нападот го извршиле со американски ракети …

Украинците го изведоа еден од најуспешните напади досега: Уништени три лансери на „С-400“ Read More »

Охридскиот договор влезе во преговарачката рамка на Србија


  БЕЛГРАД – Како што и беше најавено уште по постигнување на Охридскиот договор меѓу Србија и Косово, амбасадорите на земјите од Европската унија ги усвоија амандманите и измените на поглавјето 35 од пристапните преговори со Србија, кои се однесуваат на обврските што за Србија произлегуваат од договорите со Косово постигнати минатата година во Брисел …

Охридскиот договор влезе во преговарачката рамка на Србија Read More »

17 април во историјата – Александар Дубчек, креаторот на Прашката пролет, поднесе оставка


  Александар Дубчек, комунистичкиот лидер кој започна широка програма за либерални реформи во Чехословачка, беше принуден да поднесе оставка како прв секретар по притисокот на советските сили кои ја окупираа неговата земја. На негово место за лидер на Чехословачка беше назначен тврдиот просоветски политичар Густав Хусак, повторно воспоставувајќи авторитарна комунистичка власт во советската сателитска држава. …

17 април во историјата – Александар Дубчек, креаторот на Прашката пролет, поднесе оставка Read More »

Том Хенкс го гледал филмот „2001: Одисеја во вселената“ дури 120 пати


  Том Хенкс во интервју за „Collider“ откри дека гледал еден филм дури 120 пати. Том Хенкс го сподели своето „воодушевување од ремек-делото“ истакнувајќи дека го гледал „околу 120 пати, или нешто слично“. Станува збор за филмот „2001: Одисеја во вселената“. Тој филм од 1968 година засекогаш го промени односот кон жанрот научна фантастика, кој …

Том Хенкс го гледал филмот „2001: Одисеја во вселената“ дури 120 пати Read More »

Урсула фон дер Лајен се бори за уште еден мандат, а во исто време се крие


Урсула фон дер Лајен стана претседателка на Европската комисија во договор зад затворени врати во 2019 година без да се соочи со европските гласачи. Сега таа се кандидира за реизбор речиси без кампања. Поранешната германска министерка за одбрана (65) беше избрана без забелешки минатиот месец за главен кандидат на централнодесничарската Европска народна партија за изборите …

Урсула фон дер Лајен се бори за уште еден мандат, а во исто време се крие Read More »

Најмалку 13 загинати во руски ракетен напад на градот Чернихив


  Бројот на загинатите во денешниот руски ракетен напад врз украинскиот град Чернихив достигна 13, а ранетите сега се најмалку 60, соопшти украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко, цитиран од Укринформ. Во меѓувреме, Вјачеслав Чауш, началник на регионалната воена управа на Чернихив, рече дека руската армија го нападнала градот со три крстосувачки ракети „Искандер“. …

Најмалку 13 загинати во руски ракетен напад на градот Чернихив Read More »

Османи имал информации за инцидентот во Бањска, ќе ги кажел на затворена седница на владата


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека има факти и информации во врска со настаните во Бањска во Косово на 24 септември минатата година и нив ќе ги презентира на затворена седница на Владата со цел, како што рече, да се преиспита и да се одлучи дали државава и натаму треба да остане …

Османи имал информации за инцидентот во Бањска, ќе ги кажел на затворена седница на владата Read More »

За да се прошири ЕУ потребен е нов фонд за помош на земји членки – нов извештај во Унијата


  Со оглед на тоа што некои земји-членки и сектори на ЕУ веројатно ќе бидат изложени повеќе од другите во идните рунди на проширување на Европската унија, потребен е нов фонд за да се компензира нерамнотежата, се вели во нацрт-извештајот на поранешниот италијански премиер Енрико Лета, кој го видел „Еурактив“. „Поставувањето јасна насока за интеграција …

За да се прошири ЕУ потребен е нов фонд за помош на земји членки – нов извештај во Унијата Read More »

Јакимовски ќе ѝ даде рок на ЕУ: Или влез до 2030 или ќе бараме други алтернативи


  Датумот 2030 година за членство во ЕУ го прифати и претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски, но ѝ порача на Унијата дека доколку не влеземе дотогаш Македонија ќе бара и други алтернативи. По тој датум Македонија нема време за губење, а ЕУ нема да биде приоритет, рече Јакимовски во денешното гостување на Радио Лидер. „Ние треба …

Јакимовски ќе ѝ даде рок на ЕУ: Или влез до 2030 или ќе бараме други алтернативи Read More »

Османи објаснува: Резолуцијата за Сребреница не е против Србија ниту Србите


  По вчерашните реакции на објавата на Бујар Османи дека Македонија е коспонзор на резолуцијата во ОН за маскрот во Сребреница во 1995, министерот за надворешни работи денеска изјави дека тоа не е против Србија, ниту против српскиот народ туку дека е „човечка должност да се осуди геноцид“. Османи учествуваше на расправата за коспонзорството на …

Османи објаснува: Резолуцијата за Сребреница не е против Србија ниту Србите Read More »

Голема излезност на изборите во Хрватска


  Интересот за годинашниве праламентарни избори во Хрватска е многу голем. Некаде, како во Загреб, има долги колони пред биралиштата. Според Државната изборна комисија до 11,30 часот излегле 750 илјади граѓани, или 24,18 отсто. Оваа излезност е за шест процентни поени поголема отколку на последните парламентарни избори во 2020 година. Тогаш излегле 18,09 отсто од …

Голема излезност на изборите во Хрватска Read More »

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори


  Претставници на политичките партии и коалиции, денеска во Кристалната сала на Собранието го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори за изборите што ќе се одржат на 8 мај. Претседателот на Државната изборната комисија, Александар Даштевски, истакна дека овој чин претставува израз на волја да се зачува интегритетот на демократскиот процес. „Кодексот е потврда …

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори Read More »

„Не верувајте им на сејачите на магла“: Порака од Пендаровски до велешани


  Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на синоќешниот митинг во Велес им порача на граѓаните да не им веруваат на „сејачите на политичката магла“ и дека државата мора да продолжи напред по европскиот пат, да не се враќа назад во балканската кал и мочуриште и во времињата на неизвесност. Патот кон ЕУ денес е закочен …

„Не верувајте им на сејачите на магла“: Порака од Пендаровски до велешани Read More »