Голема излезност на изборите во Хрватска


 

Интересот за годинашниве праламентарни избори во Хрватска е многу голем. Некаде, како во Загреб, има долги колони пред биралиштата. Според Државната изборна комисија до 11,30 часот излегле 750 илјади граѓани, или 24,18 отсто.

Оваа излезност е за шест процентни поени поголема отколку на последните парламентарни избори во 2020 година. Тогаш излегле 18,09 отсто од гласачите или 620 илјади од нив.

Денешниот одѕив е за 5,3 отсто поголем отколку на предвремените избори во 2016 година, кога до 11,30 часот на гласање излегоа 18,86 отсто од гласачите, а е и поголем од рекордната 2015 година, кога до 11,30 часот гласаа 21,55 отсто од избирачите.

На последните избори гласале само 46,9 отсто од гласачите, најмалку од 1990 година кога во Хрватска се одржаа повеќепартиски избори, на што делумно влијаеше и тоа што изборите се одржаа во екот на пандемијата на корона вирусот.

Во центарот на Загреб, некои избирачки места беа преполни, а редот за гласање беше особено долг на избирачкото место во улицата „Варшавска“. Причина за тие „колони гласачи“ е фактот што таму гласаат сите оние кои се запишани во други градови и места, а моментално се во главниот град.