Најмалку 13 загинати во руски ракетен напад на градот Чернихив


 

Бројот на загинатите во денешниот руски ракетен напад врз украинскиот град Чернихив достигна 13, а ранетите сега се најмалку 60, соопшти украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко, цитиран од Укринформ.

Во меѓувреме, Вјачеслав Чауш, началник на регионалната воена управа на Чернихив, рече дека руската армија го нападнала градот со три крстосувачки ракети „Искандер“.

„Тринаесет убиени и 60 ранети во Чернихив. Меѓу ранетите има и две деца“, напиша Клименко во Телеграм, истакнувајќи дека повредените ја добиваат потребната помош.

„Полициските службеници ги проверуваат сите станови во погодените станбени згради и им помагаат на повредените. Работата на психолозите продолжува. Вработените во органите и одделенијата на МВР во регионот организираа акција за дарување крв на повредените“, додаде Клименко.