Бебето на Хари и Меган ќе се вика Арчи


Англија- Веќе е јасно како ќе се вика бебето на Меган и Хари. Војводата и војвотката од Сасекс избраа да се вика Арчи Харисон Маунтбaтeн-Виндзор. Веста за одлуката на младите родители беше официјално потврдена од Кенсингтон палатата. “Седмиот престолонаследник ќе го носи името да Aрчи Харисон Маунтбaтeн-Виндзор”, гласи пост на принцот и неговата сопруга, објавен […]

Место арбитража сè уште се претпочита судски начин за решавање на стопанските спорови


И покрај тоа што арбитражата е еден од најдобрите и најбрзи начини за решавање на стопанските спорови во нашата држава компаниите сè уште недоволно ја користат како можност, бидејќи го претпочитаат судскиот начин за решавање, велат од Постојаниот суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија. Оттаму посочуваат дека оваа практика полека се менува во […]

Регионален состанок за безбедноста во воздушниот сообраќај


Зајакнување на професионалните заложби, зацврстување на соработката, градење пријателства и размена на искуства, со цел постојано да се зголемува безбедноста во воздушниот сообраќај се темите за разговор на Европскиот регионален состанок на ИФАТСЕА, Меѓународна федерација на здруженија за безбедност на електрониката во воздушниот сообраќај, кој од денеска до 11 мај ќе се одржи во Скопје […]

Евросонг : Тамара горда на сценскиот настап


Тамара во смарагдно зелена драматична тоалета пее, а во позадина, на осум огледала како холограми и ја гледаме позадината на тоалетата, дизајн на македонскиот креатор Александар Ношпал кој ја придружува во Тел Авив. Нашата евровизиска претставничка е горда на сценскиот настап кој има динамична кореографија, подготвен со тим од Шведска. На првата проба во „Експо […]

ЕБРД: Забавените јавни инвестиции може да го намалат растот


Бавноста на Владата на Северна Македонија во реализирањето на јавните инвестиции може да го намали проектираниот раст на економијата од 3 отсто, забележува Европската банка за обнова и развој во мајската прогноза, презентирана на годишниот состанок на Банката во Сараево. Забелешка има и за високата стапка на невработеност, која, иако се намалува, останува висока особено […]

Пресуда против Хрватска по тужба на ЕУ


Хрватска– Судот на ЕУ пресуди дека Хрватска не ги исполнила обврските од европската Директива за отпад, меѓу кои и онаа да обезбеди заштита на здравјето на луѓето и околината поради „црниот рид“ во близина на Задар, каде има депонија со 140.000 тони отпад од поранешната Фабрика за електроди и феролегури (ТЕФ) од Шибеник. Во тужбата, […]

Почнуваат 47. Мајски оперски вечери


Со Вердиевата опера „Аида“ вечер ќе биде отворен 47-от фестивал Мајски оперски вечери, на кој до 31 мај ќе бидат изведени шест оперски и една балетска претстава.  Вечерите секоја година завршуваат со „Аида“, но овојпат и ќе почнат со оваа популарна опера на Верди, во продукција на театарот „Карло Феличе“ од Џенова. Режијата и адаптацијата […]

Промоција на четири романи на Луан Старова објавени на хрватски


Во свечената сала во МАНУ, денес, во 12 часот ќе се одржи промоција на четири романи објавени на хрватски јазик од академик Луан Старова. За овие романи и балканската книжевна сага ќе говорат проф. д-р Елизабета Шелева и академик Ферид Мухиќ. Поминаа речиси две децении од објавувањето на веќе култниот роман на Луан Старова во […]

Ден на Европа – Северна Македонија очекува позитивна одлука за почеток на преговори


Европа денеска го одбележува својот ден – 9 Мај, европски симбол, што заедно со заедничката валута – еврото, знамето и химната, го претставуваат политичкиот идентитет на Европската Унија. На овој ден во 1950 година Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање на организирана Европа, како опција за одржување на мирот на со војните разурнатиот и […]

 Филозофски филмски фестивал во Кинотека


Во Кинотеката вечер ќе биде отворен 9. Филозофски филмски фестивал (ФФФ) со „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс во ревијалната програма, заедно со излагање на тема „Патувањето како потрага по нашиот идентитет“ на Марјан Вујовиќ од Југословенската кинотека во Белград. До 16 мај ќе бидат прикажани 40-ина филма на фестивалот кој, според организаторите, нуди поинаква […]

Остануваат клучните разлики за СЈО, утре нова средба на работните групи


Дали ќе има напредок во преговорите околу законот за јавно обвинителство ќе се знае по средбата на работните групи на власта и опозицијата што е закажана за утре, откако вчера немаше никакво поместување во делот на разговорите. -Немавме никакво поместување во делот на разговорите. Разговаравме за членот 105 кој е клучната пречка во донесувањето на […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Месечината во Рак ве повикува да се откажете од нешто: дури и оние што чекаат дејствуваат на некој начин. Тоа се нарекува постојаност и сериозен респект. На работен план не дозволувајте да бидете извадени од колосек, туку потрудете се повеќе да се адаптирате на ситуацијата надминувајќи ги провокациите и ситните забелешки. БИК: Лојални и […]

Принцот Хари и Меган го покажаа синот: Многу е мирен


Англија– Војводата и војвотката од Сасекс за прв пат го покажаа штотуку родениот син на јавноста. Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл стоеја гордо со бебето Сасекс пред замокот Виндзор. Новопечените кралски родители не го соопштија името на бебето. „Магично е, прилично неверојатно. Ова бебе беше нашиот сон, па изминативе неколку дена беа многу […]

Легендите на екс-ју кошарката ќе се соберат во Скопје во чест на Лазо Лечиќ


Осумдесеттиот роденден на Лазар Лечиќ ќе биде уникатен повод во Скопје да се собере дел од кошаркарската елита од поранешна Југославија. Свечената академија која ќе се одржи по тој повод утре во хотелот „Александар Палас“ во 13 часот е во организација на Македонскиот олимписки комитет, Македонската кошаркарска федерација, кошаркарските клубови Работнички и МЗТ Скопје Аеродром […]

Мајските оперски вечери во знакот на Верди


Четириесет и седмите Мајски оперски вечери оваа година ќе бидат отворени и затворени со оперската претстава „Аида“, со која фестивалот традиционално завршува секоја година на 31 мај. Утревечер ќе бидат отворени со премиера на оваа позната опера на Џузепе Верди, овојпат во продукција на театарот „Карло Феличе“ од Џенова. Националната опера и балет денеска на […]

Господ да ја благослови Северна Македонија


ЕРОЛ РИЗАОВ Кои пораки ги упати Франциско од Скопје до светот и до сите граѓани при првата апостолска и историска посета на еден папа, а кои злокобни застрашувања ги упати претседателот на државата на заминување Ѓорге Иванов, кој до последен ден цели десет години не се ни обиде да стане претседател на сите граѓани. На […]

Влатко Стефановски специјален гостин на Стинг во Скопје


Гитарскиот крал Влатко Стефановски, ќе биде специјален гостин концертот на светската ѕвезда Стинг на концертот на 2 јуни, во Националната арена „Филип Втори“. Стинг по втор пат го стави Скопје на мапата на својата турнеја низ регионот „My songs“. „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, […]

Судењето за „Титаник“ одложено за 13 мај


Судијата Огнен Ставрев на денешното рочиште за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, наведе дека судењето се одложува за 13 мај. Имено, Ставрев истакна дека одложувањето е поради оправдано отсуство на судијата Осман Шабани, кој е дел од судечкиот совет. Случајот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат докази предложени од СЈО. Станува […]

Мис Северна Каролина е Мис на САД за 2019


САД- Во многу емотивна амтмосфера на бината, поранешната победничка Сара Роуз Самерс ја круниса годинешната победничка Челзи Крист за победничка на престижниот натрпевар за убавина – Мис на Америка. Како Мис на Северна Каролина, Крист ја доби круната пред конкурентките кои станаа прва и втора придружничка – Александра Гонзалез, Мис Ново Мексико и Триана Браун, […]

Папата Франциск: Зошто Степинац би бил прогласен за светец, ако вистината не е јасна


Хрватска – Папата Франциск, по повод прогласувањето за светец на загрепскиот надбискуп Алојз Степинац, изјави дека не знае зошто е тоа прогласување, ако вистината не е јасна. – Степинац беше духовен човек, затоа Црквата го прогласи за блажен. Но, во одреден момент во процесот на канонизација постојат нејасни точки, историски точки. Се молев, размислував, барав совети и […]