Спасовски: Има индиции дека „Диво насеље“ се случи за да се спречи објавувањето на „бомбите“


Постојат индиции дека настаните во кумановско „Диво насеље“ пред четири години се случија за да се спречи објавувањето на „бомбите“, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во синоќешното интервју за ТВ 21. – Една од дилемите која се поставува и пред мене и пред граѓание е дали ова беше сценарио кое требаше или имаше […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ден со динамични аспекти, кога ќе треба да внимавате на импулсивните нагони: ако навистина сакате да воспоставите пријателства, не инсистирајте на тоа, туку самите станете пријател. Не го мешајте квантитетот, со квалитетот. Поставете граници на својата страст и не заборавајте дека другите повеќе ќе уживаат ако ги забавувате. Потпрете се на искуството. БИК: Неверојатна […]

Би-би-си го отпушти водителот кој го навреди кралското семејство


Англија – Би-би-си денеска го отпушти водителот кој на Твитер постави фотографија од шимпанзо во облека, со натпис „кралското бебе ја напушта болницата“. Презентерот Дени Бејкер е обвинет за исмејување на војвотката врз основа на нејзината раса. Портпарол на Би-Би-Си изјави: Ова беше сериозна грешка во проценката, додавајќи дека во целосна спротивност на вредностите за […]

Мандатот на Иванов истекува в недела, се уште не побарал буџет за идниот кабинет


Претседателот Ѓорге Иванов по десет години, в недела заминува од функцијата шеф на државата. Во претседателската „Вила Водно“ треба да се всели неговиот наследник Стево Пендаровски, кој по победата на изборите, ќе стане петти претседател на државата по нејзиното осамостојување во 1991 година. Инаугурацијата на Пендаровски е најавена за в недела, на последниот ден од […]

Воздухопловно-техничкиот кадар да се обучи за сајбер заканите


Потребна е специјализација на воздухопловно техничкиот кадар со што ќе се подигне нивото за справување со сајбер предизвиците, порачаа учесниците на  Европскиот регионален состанок на Меѓународната федерација на здруженија за безбедност на електрониката во воздушниот сообраќај (ИФАТСЕА), што се одржува од денеска до 11. месецов во Скопје во организација на Македонската авиотранспортна техничка асоцијација МАТТА. […]

Амал Клуни ги покажа децата: Паметни се на Џорџ


САД– Оскаровецот Џорџ Клуни, по повод промоцијата на новата мини серија „Catch 22“, во американската емисија „Today“ , одлучи отворено да зборува за своите близнаци, Александер и Ела . Тој не криеше воодушевување за своите наследници и гордо изјави дека близнаците кои имаат две години совршено ја знаат азбуката на англиски и на италијански јазик. […]

Новиот клинички центар ќе има 1.300 болнички легла


Владата ја усвои информација за изградба на Универзитетскиот клинички центар на вчерашната седница, за кој ќе се бара заем од финансиските институции. „Приоритет е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита што ќе обезбеди врвни услови за работа на медицинскиот кадар, за негов развој во струката. На овој начин ќе се […]

Филмскиот фестивал во Кан со омаж за Силвестер Сталоне


Франција- Американскиот актер Силвестер Сталоне ќе пристигне на филмскиот фестивал во Кан, каде што ексклузивно ќе бидат прикажани снимки од петтото продолжение на серијата „Рамбо” на специјална проекција приредена како омаж за актерот, велат организаторите на фестивалот. Актерот, роден 1946 година и познат по улогите на силни момци, минатата година на интернет стави фотографија на […]

Скопје доби нов мурал – ,,Тамбурица”


„Тамбурица“ е насловот на новиот мурал што деновиве беше насликан во Скопје. Младинскиот културен центар неодамна го покани хрватскиот уличен уметник Лонац да изработи мурал во рамки на новиот парк што се подготвува зад Филхармонија. Лонац го прифати овој уметнички предизвик и по неговото кратко запознавање со Скопје, започна со работа на ѕидот на ДСУЦ […]

Европските лидери ќе се заколнат денеска: Без поделби на ЕУ на исток и запад


Романија– На неформалната средба во романскиот град Сиби шефовите на влади или држави од 27-те држави кои остануваат во ЕУ по предвидениот Брегзит, денеска ќе усвојат текст со 10 заклетви. Според нацрт-декларацијата, во која имал увид весникот „Вечерњи лист“, која се очекува денеска да биде усвоена, лидерите на 27-те држави-членки се обврзуваат дека ќе останат […]

В сабота авионска дезинсекција против комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 11.05.2019 година (сабота), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат […]

Дрон го блокира Меѓународниот аеродром во Франкфурт


Германија – Меѓународниот аеродром во Франкфурт еден час запре со работа поради дрон, соопшти германската полиција. Портпаролот на аеродромот соопшти дека аеродромот бил блокиран од седум часот и 20 минути до осум часот и 20 минути додека федералната полиција со хеликоптер го барала дронот и неговиот оператор. Полицијата продолжува да го истражува инцидентот.

Тевдовски: Од ЕБОР ќе се обезбедат средства за Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар


Европската банка за обнова и развој ќе влезе во финансирање на изградбата на автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар, односно првата делница Кичево-Букојчани. Ова го најави министерот за фианнсии Драган Тевдовски на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој, кои се одржуваат во Сараево. -На Годишните состаноци на ЕБОР имавме прилика да зборуваме за тековната, […]

Ферер ја заврши кариерата по 1.111 одиграни мечеви


Шпанија – Шпанскиот тенисер Давид Ферер ја заврши својата кариера. Тој синоќа во второто коло на АТП турнирот во Мадрид загуби од Германецот Александар Зверев со 2-0, по сетови 6:4 и 6:1. Триесет и седумгодишниот Шпанец претходно изјави дека турнирот во неговата татковина ќе биде последен за него. Ферер за 20-годишната кариера освои 27 трофеи во […]

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се закити со уште две награди


Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска освои две награди на Деа Филмски Фестивал во Тирана што се одржа од 2 до 8 мај.  „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја доби главната награда за најдобар филм, а Зорица Нушева за улогата на Петрунија е прогласена за најдобра актерка. Наградите ги додели петчленото […]

„Спортс илустрејтед“: Тајра Бенкс на 45 години позира во бикини


САД- Манекенката и водителка Тајра Бенкс и во петтата деценија е секс-симбол. Ја краси насловницата на престижниот магазин „Спортс илустрејтед“ за 2019, кој е познат по едиторијалите со костими за капење. Бенкс (45) е првата црномурна убавица на насловницата по 1997 година. Изданието има уште две насловници: со спортистката Алекс Морган и манекенката Камил Костек. […]

Никола Димитров: Не заминувам, ми се прави хајка


Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ги демантира последните шпекулации дека си заминува од функцијата и својата професионална кариера ќе ја продолжи како советник и аналитичар во влијателниот Институтот „Брукингс“ во Вашингтон, близок до Демократската партија, наводно, наводно за сочна плата меѓу 12 и 14 илјади долари. Вели дека му се прави хајка. Информациите беа […]

Синот на Трамп повикан да сведочи пред сенатската Комисија за разузнавање


САД – Комисијата за разузнавање при американскиот Сенат го повика на сведочење Доналд Трамп помладиот, еден од синовите на американскиот претседател, за да одговори на прашањата за своите контакти со Русија, тврдат два извори од Конгресот. Како што пренесува Хина, Комисијата сака Трамп помладиот да го праша за сведочењето пред правосудната сенатска комисија во септември 2017 […]

Влада: МРТВ има загуба од 26 милиони денари


Владата даде негативно мислење за работата на Македонската радио телевизија за минатата година. Тие укажуваат на негативни финансиски резултати, според кои јавниот радиодифузер имал загуба од 26 милиони денари, а забелешки има и за непочитување на професионалните стандарди при работата. Ваквото мислење Владата го даде на барање на Собранието, кое побара да се произнесе за […]

Бебето на Хари и Меган ќе се вика Арчи


Англија- Веќе е јасно како ќе се вика бебето на Меган и Хари. Војводата и војвотката од Сасекс избраа да се вика Арчи Харисон Маунтбaтeн-Виндзор. Веста за одлуката на младите родители беше официјално потврдена од Кенсингтон палатата. “Седмиот престолонаследник ќе го носи името да Aрчи Харисон Маунтбaтeн-Виндзор”, гласи пост на принцот и неговата сопруга, објавен […]