Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ден со динамични аспекти, кога ќе треба да внимавате на импулсивните нагони: ако навистина сакате да воспоставите пријателства, не инсистирајте на тоа, туку самите станете пријател. Не го мешајте квантитетот, со квалитетот. Поставете граници на својата страст и не заборавајте дека другите повеќе ќе уживаат ако ги забавувате. Потпрете се на искуството.

БИК: Неверојатна сила и ситрајност, како и добро здравје: ако ви е потребно знаење, тропнете на вратата кај поискусните и бидете отворени за новите информации. Ако може да дадете нешто за возврат, прашајте се добро кому ќе помогнете? Вратете го балансот во емотивната сфера, наоѓајќи неколку слободни моменти за себе. Бидете мудри и елегантни.

БЛИЗНАЦИ: Ќе дојдете до совршенство, само ако не престанете да работите врз себе: додека светот пати поради недостаток од љубов и разбирање, треба да се запрашате која е вашата улога во сето тоа. Можеби некој ви должи некоја значителна сума на финансии, а тоа ја ограничува вашата слобода: ќе си докажете дека знаете да штедите.

РАК: Иако не можете свесно да објасните зошто имате силна самодоверба, потпрете се на силната интуиција и ќе ги манифестирате своите сништа. Во животот треба да одберете дали ќе заработувате пари или ќе ги трошите, бидејќи за двете се нема доволно време: пратете го својот длабок ритам и тоа ќе ви даде чувство на внатрешен мир. Одморете се.

ЛАВ: Модата е како крик: ако барем тројца речат дека сте интересни, веднаш ќе станете привлечни. Сепак, ќе разберете колку е тоа залудно, особено ако немате финансиски фидбек: имањето почит е нешто како и самата младост и штом еднаш се изгуби, повеќе не може да се врати. Бидете лојални кон своите блиски и сакајте ги повеќе.

ДЕВИЦА: Време е да се разбудите: некој ве повикува да се усовршите и да не се преправате дека сте помалку, отколку што навистина сте. Ако добро го разбирате духовниот свет, нема да се плашите од смртта и привремените нешта: направете нов план и подгответе се за трансформација. Не чекајте повеќе, време е за акција. Фокусирајте се.

ВАГА: Соочени со неколку избори, веќе некое време се чувствувате блокирани: погледнете подобро во себе и прашајте се што навистина чувствувате. Така ќе добиете време пред финалните одлуки: некогаш е подобро да се повлечете иако сте во право, отколку да се борите а да грешите. Интензивни желби и силна интуиција: без гордост!

СКОРПИЈА: Можеби се прашувате зошто односите со луѓето не ви одат од рака: треба да размислите дали и во минатото навистина ги почитувавте личностите од сегашноста. Ова се однесува и во бизнис сферата и се чини дека губите моќ. Ако признаете каде грешите, ќе успеете да се поправите и да го коригирате животниот стил. Имајте верба.

СТРЕЛЕЦ: Рецептивни кон туѓите потреби, денес сте особено дружељубиви: покани кои што ќе ги прифатите со ентузијазам и што ќе го исполнат вашето срце со нова смисла. Поттикнати да ги исполните своите најдлабоки желби, ќе се отворите и ќе споделувате информации, идеи и визии. Се јавуваат нови шанси на професионален план. Среќа.

ЈАРЕЦ: Убедени дека човекот е створен да мине низ разни животни искушенија, да работи, пати и да се бори, денес ќе треба да направите пауза и да бидете поотворени кон мистеријата наречена живот. Зарем заборавате колку навистина сте моќни? Некои работи ќе се повторуваат, сѐ додека не ја чуете пораката: не очекувајте резултати веднаш!

ВОДОЛИЈА: Аспектите индицираат дека се чувствувате како некој да ве прогонува, но дали навистина е така? Време е да ја избалансиратес војата ментална состојба и да ги надминете грубите игри, кои што може да доведат до сепарација и раскол. Можна е и вонбрачна афера, која што ќе ве натера да бидете поцврсти. Бидете силни и истрајни. Имагинација.

РИБИ: Вашите соништа повеќе не се фантазија, туку се цврсто втемелени во физичкиот свет: набрзо доаѓате до нешто многу вредно! Најдобрата медицина на светот е диетата, личниот мир и радоста, затоа комуницирајте најмирољубиво што умеете. Ако се ускладите со природните текови и самите ќе станете дел од природата. Нови креации.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]