Дрон го блокира Меѓународниот аеродром во Франкфурт


Германија – Меѓународниот аеродром во Франкфурт еден час запре со работа поради дрон, соопшти германската полиција.

Портпаролот на аеродромот соопшти дека аеродромот бил блокиран од седум часот и 20 минути до осум часот и 20 минути додека федералната полиција со хеликоптер го барала дронот и неговиот оператор.

Полицијата продолжува да го истражува инцидентот.