Амал Клуни ги покажа децата: Паметни се на Џорџ


САД– Оскаровецот Џорџ Клуни, по повод промоцијата на новата мини серија „Catch 22“, во американската емисија „Today“ , одлучи отворено да зборува за своите близнаци, Александер и Ела . Тој не криеше воодушевување за своите наследници и гордо изјави дека близнаците кои имаат две години совршено ја знаат азбуката на англиски и на италијански јазик.

– Тие се добри и среќни деца. Многу се смеат и уште од сега се немирни. Ставаат путер од кикирики на своите чевли и тоа им е многу смешно“, открива Клуни и додава: „Иако се близнаци, тие се сосема различни, но многу се паметни и забавни. Уште од сега ја знаат азбуката на италијански и на англиски јазик, а тоа ни јас не го знам“, изјавил славниот актер.

Најмоќната двојка во Холивуд е во среќен брак од 2014 година.