Мис Северна Каролина е Мис на САД за 2019


САД- Во многу емотивна амтмосфера на бината, поранешната победничка Сара Роуз Самерс ја круниса годинешната победничка Челзи Крист за победничка на престижниот натрпевар за убавина – Мис на Америка.

Како Мис на Северна Каролина, Крист ја доби круната пред конкурентките кои станаа прва и втора придружничка – Александра Гонзалез, Мис Ново Мексико и Триана Браун, Мис на Оклахома.

Настанот се одржа во Гранд Сиера ресортот во Невада.

Не само со прашањата на кои одговори со што го освои вниманието на жирито, идната адвокатка се истакна во костим за капење како девојка која посветува голема грижа на своето тело. Имено, за разлика од поранешните мисици, Крис на сцената покажа мускулесто тело на кое совршено стојат и бикините, но и елегантните фустани.