Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Месечината во Рак ве повикува да се откажете од нешто: дури и оние што чекаат дејствуваат на некој начин. Тоа се нарекува постојаност и сериозен респект. На работен план не дозволувајте да бидете извадени од колосек, туку потрудете се повеќе да се адаптирате на ситуацијата надминувајќи ги провокациите и ситните забелешки.

БИК: Лојални и исполнети со оптимизам, надалеку го ширите мирисот на својата доблест: бидете мудри и истрајни, дури и ако се соочите со екстремни ситуации. Храбро ги надминувате старите начини на дејствување и цврсто сте втемелени во својата вистина. Чесно работите и јавно го прикажувате својот труд, имајќи свежи идеи: постигнувате чест.

БЛИЗНАЦИ: Трудољубиви и вредни, имате идеја како да заработите повеќе, но дали тоа е вистинската цел во животот? Вашите сили се веќе при крај и добро е да се запрашате дали еднакво и срдечно се однесувате кон своите најблиски: дали имаат сè што им е потребно и дали се среќни? Не дозволувајте да се удавите во проблеми, надминете ги со разиграност.

РАК: Ако си дозволите да губите памет поради материјалните добра, тоа значи дека не сте ни имале интелигенција: нема да знаете што е слатко, ако не вкусите што е горчливо. Откријте им се токму на оние од кои што се плашите и мистериите ќе останат минато. Плановите се одвиваат според саканото, затоа нема место за иритација и нервоза. Имајте такт.

ЛАВ: Треба да знаете дека дури и непристрасните се пристрасни: тие инсистираат на правдата. Таквата склоност е голема доблест и денес доаѓате до поинакви пораки: официјални документи, потврда на романтичен план и љубов, како и договори. Бидете скромни, особено при обичните разговори и оние преку телефон или мејл. Нови информации.

ДЕВИЦА: Еден животен циклус е веќе при крај и не треба да сте разочарани: без песимизам и ќе откриете дека засадените семиња веќе носат свој плод. Запознајте се подобро самите себе, не откривајќи им отповеќе на другите: некоја блиска личност добро ја канализира вашата енергија. Бидете смирени како небото на хоризонтот. Без страв.

ВАГА: Ако сакате праведност, ќе треба да ги откриете своите моќи: не го следете трендот, туку откријте го темпото на сопственото срце. Не дигајте врева кога ќе зборувате со претпоставените и блиските, туку приближете им се со пријателски тон и внимание. Така ќе ја надминете контроверзната ситуација и ќе си заминете со дигнитет.

СКОРПИЈА: Тенденциозни и студиозни, денес имате шанса практично да ги аплицирате своите таленти: набрзо ќе дојдете до волшебни креации! Колку сте похумани, толку сте и трудољубиви и не е лошо да направите мала жртва: така ќе дојдете до поголемо задоволство и нови сознанија. Живејте го својот живот онака како и во соништата. Нови цели.

СТРЕЛЕЦ: Добро господарите на повеќе полиња, а најважна е дневната рутина: внимавајте што им давате на другите, но исто и на себеси. Ова најмногу се однесува на храната, но и на информациите. Имате голема моќ, која што не смеете да ја злоупотребите. Компетентни и чесни, ќе успеете да си ја вратите самодовербата и ќе ги славите победите.

ЈАРЕЦ: Обрнете ѝ поголемо внимание на птицата во својот кафез: ова е совет за вашата душа, кој што не треба да го сфатите лесно. Така би се однесувале како заљубена будала и не би можеле да постигнете мир со моќните, ниту битка со еднаквите. Можеби би ги преплашиле само страшливите. Надминете ја свесно тенденцијата кон песимизам.

ВОДОЛИЈА: Денес би можеле да бидете по малку пакосни пријатели: планетите во Бик ви сугерираат да се радувате на туѓата среќа, отколку да сте фокусирани на својата несреќа. Тоа е само состојба на умот и штом го смените мислењето, ќе почнете да ја респектирате слободата на другите повеќе. Време за важни одлуки на професионален план. Трансформација.

РИБИ: Не дозволувајте му на своето меко срце да биде исполнето со страв: соочете се со дилемите и, што и да правите, фокусирајте се на крајниот продукт. Преиспитајте ги своите мотиви и прашајте се дали сте во тек со времето: дали ги сакате само оние што ве сакаат вас? Период што изобилува со нови можности и награди: менувајте се!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]