Влатко Стефановски специјален гостин на Стинг во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Гитарскиот крал Влатко Стефановски, ќе биде специјален гостин концертот на светската ѕвезда Стинг на концертот на 2 јуни, во Националната арена „Филип Втори“.

Стинг по втор пат го стави Скопје на мапата на својата турнеја низ регионот „My songs“. „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња.

Влезниците во арената „Филип Втори“, ќе бидат во строго ограничен број, информираат од Авалон. Во договор со Cherrytree Management и Live Nation, организаторот, воопшто нема да ги пушта западна трибина (затоа што е далеку од бината) и источна трибина (затоа што бината ќе биде поставена на таа страна) во продажба, додека јужна и северна трибина ќе бидат адаптирани според продукцијата од техничкиот рајдер на менаџментот на Стинг.

Цената на билетите се движи од 1.500 денари за партер, пред бината за 3000 денари, сребрени седишта по 2000 денари, златни-по 3000 денари и ВИП за 5000 денари.