Новинa: Децата со лесна попреченост од септември во редовни училишта


Од септември во посебните училишта нема да учат, односно да се примаат ученици со лесни попречености. Тие ќе треба да се образуваат во редовните училишта, а во посебните и натаму ќе се образуваат само учениците со најтешки пречки. Ова е една од опциите во втората верзија на предлог-законот за основно образование, која предвидува посебните основни […]

Клучни етапи по европските избори


Белгија – Европските избори, што почнуваат денеска и ќе траат до 26 мај, се претходница на големи промени во европските институции што ќе бидат извршени до крајот на 2019 година. Во тие месеци ќе има неколку клучни етапи. На 26 мај, по затворањето на изборните места во Италија (по 21 по Гринич), националните власти на секоја од […]

Костими за капење за сите: Тоа најдобро го знаат сестрите Грем


САД– Ешли Грем и нејзината сестра Абигеил Грем ги рекламираат новите костими за капење наменети за жени од сите генерации, со облини- Swimsuits For All. Раскошните манекенки позираат под сончевите зраци во новите модели на едноделни и дводелни костими за капење. Самата Ешли учествувала во дизајнот на неколку костими за капење, фокусирајќи се на тропските […]

Само градскиот превоз расте, другите се намалиле


Во првото тримесечје од годинава биле превезени 1,3 отсто помалку патници отколку во истиот период лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 4,1 отсто, во приградскиот превоз е намален за 1,7 процент, во меѓуградскиот превоз за 26,8 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува […]

Сведоци во „Тортура“: Камчев и Мијалков ќе се соочат во судница


Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР, Иво Котевски, се повикани да сведочат на наредното рочиште за „Тортура“ по предлог на Специјалното јавно обвинителство, закажано за 20 јуни, кое се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Во еден од […]

Рајко Грлиќ доаѓа во Скопје : Славните филмови во Кинотека


Филмски омаж на режисерот Рајко Грлиќ со наслов „Чуварот на благородната утопија“ ќе се одржи од 31 мај до 4 јуни во Кинотеката на Македонија. Тој ќе биде лично присутен на проекциите. – Грлиќ се школувал на прочуената филмска школа ФАМУ во Прага, Чешка, која во наследството ја има и ја негува средноевропската мултикултурна утопија […]

Јункер: Уморен сум од постојаното одложување на рокот за Брегзит


САД – Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, за телевизијата Си-Ен-Ен, изјави дека губи трпение поради постојаното одложување на рокот на Британија за напуштање на Европската унија. – Морам да кажам дека почнувам да се уморувам бидејќи сите се движиме од едно продолжување до друго … Луѓето губат трпение. Сакам да кажам „да“, да се одржи […]

Тајмс: Тереза Меј утре ќе поднесе оставка


Англија – Британската премиерка Тереза Меј утре ќе поднесе оставка поради тоа што не е прифатена нејзината позиција за тоа како да се реализира напуштањето на Европската унија, објави весникот Тајмс, цитирајќи извори од владата. Според весникот, таа може да поднесе оставка по состанок закажан за в петок со Греам Брејди, претседател на „Комитетот од 1922“, […]

„Младите доаѓаат“ – настап на талентирани ученици со Филхармонија


 „Младите доаѓаат“ е насловот на концертот на Филхармонија што ќе се одржи вечерва. Со Филхармонија ќе настапат млади, талентирани музички уметници, ученици од државните музички училишта во земјава, кои се избрани по пат на аудиција, информираат од Филхармонија. Под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, ќе бидат изведени дела од Крајслер, Виењавски, Дворжак, Бетовен, Монти, Маскањи, […]

Промоција на книгата „Струма“ од Хактан Акдоган


Во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска во 18, 30 часот, во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Струма“ –   една приспивна во темнината од Хактан Акдоган.   Промотивна реч за книгата во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе одржи Академик Ферид Мухиќ. Книгата „Струма“ зборува за брод […]

Манџукиќ опериран во Хрватска


Италија – Фудбалерот на Јувентус Марио Манџукиќ бил подложен на хируршка интервенција, се наведува во соопштението од торинскиот клуб. Станува збор за рутински операција, односно септопластика поради проблеми со носот, кои му предизвикувале проблеми во дишењето. Од клубот не наведуваат дали за хрватскиот фудбалер сезонава во Италија е завршена пред време, но по се изгледа тој […]

Почнуваат европските избори, гласање до недела


Белгија – Околу 400 милиони Европејци од 28 земји-членки на ЕУ од денеска до недела ќе ги избираат своите претставници во Европскиот парламент со мандат во следните пет години. Први што гласаат денеска се холандските и британските, додека во повеќето земји-членки европските избори ќе се одржат в недела, на 26 мај. Резултатите што ќе го одредат […]

Деловен појадок на бизнис заедницата со премиерот


Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), денеска го организира традиционалниот Деловен појадок со претседателот на Владата. На  свечениот настан, во присуство на деловната заедница, ресорните министри, дипломатскиот кор, официјални обраќања ќе имаатпремиерот Зоран Заев и претседателката на ССК Данела Арсовска. На настанот, како што најавуваат, ќе се дискутира за најзначајните економски прашања во функција […]

Британската министерка Лидсом поднесе оставка поради Брегзит


Англија – Една од водечките приврзаници на Брегзит, британската министерка за односи со британскиот Парламент, Андреа Лидсом, поднесе оставка, наведувајќи дека не може да ја поддржува владата. Оставката е поднесена по последниот неуспешен предлог на премиерката Тереза Меј за напуштање на Велика Британија на Европската унија. – Повеќе не верувам дека нашата позиција ќе доведе до […]

Собраниска комисија ќе расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски


Утврдување на Предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, поради неоправдано отсуство повеќе од шест месеци, е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Седницата е закажана врз основа на претходно известувањето од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, доставено на 15 мај. Според член […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е ден кога треба да ги презентирате своите идеи и планови: Месечината во Водолија ве поттикнува да размислувате на универзално ниво, разговарајќи за визиите за непосредната иднина. Тука се и вашите пријатели, кои ќе ви помогнат со добри сугестии, оцени и со своите способности. Сѐуште не е време да брзате, туку да се […]

Во Хрватска почна судењето на Тони Цетински: Верувам во праведност


Во Општинскиот суд во Пазин почна судењето на пејачот Тони Цетински (49) за сообраќајната несреќа во која на 3 ноември 2017 година во центарот на Ровињ загина 62-годишниот Ибрахим Кевљани. Пејачот тогаш во еднонасочна улица го прегази Ибрахим кој пијан лежел на патот. Тој се изјасни дека не е виновен, а државниот обвинител тврди дека […]

Археолошки музеј ги отвори вратите за кучињата придружници


Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија од денеска ги отвора своите врати за кучиња придружници на лицата со попреченост. – Како општествено одговорна институција која прва меѓу музеите во нашава држава ја донесува оваа одлука, апелираме дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување нa свеста и […]

Бред Пит и Дикаприо од 60-тите: Прв пат глумат заедно само кај Тарантино


Франција/ САД-  Во новиот филм на тарантино „Беше еднаш во Холивуд“ прв пат глумат заедно Бред Пит и Леонардо Дикаприо. Ѕвездите изгледаат како дел од „хипи Холивуд“ периодот кој се случуваше во Холивуд во времето кое го обработува филмот. И двајцата актери се облечени во облека која би ја носеле ѕвезди од овој период на […]

(Видео) „Мајко“: Тазе соработка на Гуру Харе и Аки Рахимовски


Гитаристот Гуру Харе и пејачот на „Парни ваљак“ се споија за новата песна „Мајко“. Се запознале на концертот во чест на Тоше Проески во 2008,а по 11 години се роди нивниот заеднички проект –песната „Мајко“, која никого не остава рамнодушен, бидејќи од срце е подарен за публиката. Снимен е и спот. Спотот се снимаше на […]