Над 120.000 граѓани скенираат фискални сметки


Oд почетокот на јули, кога почна да се реализира мерката за враќање на 15 проценти од платениот ДДВ, апликацијата „Мој ДДВ“ ја користат над 120.000 граѓани, информираше Управата за јавни приходи. За 11 дена биле скенирани 1.964.811 фискални сметки, остварениот промет изнесува 1.041.512.209 денари, а повратот од 15 проценти од пресметаниот ДДВ е 16.323.077.

Од вчера и корисниците на ајфон телефони можат да ја преземат апликацијата преку „Apple store“ https://apps.apple.com/us/app/moj-ddv-ujp/id1472553785.

Сите граѓани што од различни причини не можат да ја користат апликацијата „Мој ДДВ“ на телефоните може да ги однесат сметките на скенирање во која било организациска единица на УЈП, каде што фискалните сметки ќе бидат скенирани на киоск-апарати, бар-код читачи или на паметни телефони, на сметка на граѓанинот.