Силен земјотрес во Австралија


Австралија– Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтерова скала го погоди брегот во местото Брум во Австралија, соопшти денеска американскиот Геолошки завод.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту е објавено предупредување од цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 33 километри под површина на земјата.